Правни известувања
Авторски права
Сите содржини објавени на веб-страниците на Argeta се сопственост на друштвото Droga Kolinska d.d. и во законски дозволена рамка се предмет на заштитата на авторските права и другите форми на заштита на интелектуалната сопственост
Содржините (текстови, слики, логотипови... ), објавени на овие веб-страници, можат да се користат исклучиво за некомерцијални намени и не смеат да се преземаат, копираат, размножуваат, повторно објавуваат, испраќаат по пошта или на кој било друг начин да се шират за комерцијални намени без изречно пишано одобрување од друштвото Droga Kolinska d.d.
Сите репродукции или примероци од содржината на овие веб-страници мора ги задржат ознаките за авторски права, другите известувања за правата на интелектуална сопственост или известувањата за други права (ознаката © 2015 Droga Kolinska, d.d. Сите права се задржани. Droga Kolinska е дел на Atlantic Grupa).
Трговските марки кои се појавуваат на овие страници се регистрирани трговски марки чијшто сопственик или корисник на лиценца е Droga Kolinska d.d. (во натамошниот текст Друштвото) или друштвата поврзани со неа. Користењето на овие марки е строго забранета, освен во случаите кои се наведени во овој текст.
Ограничување на одговорноста
Droga Kolinska d.d. ќе се труди на веб-сајтот на Argeta да обезбедува точни и најнови информации, сепак ги предупредува корисниците дека текстовите се од информативен карактер и затоа не гарантира и не презема никаква одговорност за нивната точност и потполност. Сите корисници ја користат објавената содржина на своја одговорност.
Ниту Droga Kolinska d.d. ниту кое било друго правно или физичко лице кое учествувало во креирањето и изработката на овие веб-страници, не се одговорни за повремено нефункционирање на страницата, за можни неточни информации, како ни за можната штета настаната поради користење неточни или непотполни информации, затоа не одговараат за никаква штета или непријатности кои би произлегле од постоењето на овие веб-страници, од пристапот до и/или користењето и/или неможноста да се користат информациите од овие веб-страници и/или какви било грешки или пропусти во нивната содржина, без оглед на тоа дали биле известени за можноста од таква штета.
Бидејќи на веб-сајтот на Argeta постојат одредени веб-врски кон други веб-страници кои не се во никаква врска со Droga Kolinska d.d. и на коишто Droga Kolinska d.d. нема надзор, Droga Kolinska d.d. не може да гарантира и да прима или посредува жалби во врска со точноста на содржината на која било страница за која дава веб-врска или референца, и не презема никаква одговорност за заштитата да податоците на тие веб-страници.
Droga Kolinska d.d. го задржува правото во секое време и кој било начин, делумно или целосно да менува, дополнува или отстранува содржини објавени на веб-страницата на Argeta без оглед на причината и без претходно предупредување. Сите корисници ја користат на сопствена одговорност која било објавена содржина.
Заштита на приватноста
Droga Kolinska d.d. посветува особено внимание на заштитата на приватноста на информациите што ги добива од корисниците на овие веб-страници и личните податоци што ги даваат, во согласност со важечките закони за заштита на личните податоци во Република Словенија.
Друштвото ги собира личните податоци само тогаш кога корисниците сами ќе одлучат да ги дадат со пријава, пополнети обрасци или електронска пошта и притоа изречно се согласуваат со собирањето на податоците. Друштвото ги користи личните податоци за пристап до одредени услуги (е-известувања), одржување наградни игри, статистичка обработка, сегментација на купувачите, обработка на претходното однесување при купување, испраќање понуди, рекламен материјал и ревии, покани на настани, електронско анкетирање.
За пристап до споменатите услуги Друштвото ги собира следниве лични податоци: е-адреса.
Од време на време на веб-страниците на Argeta може да се објавуваат и разни наградни игри, натпревари или веб-обрасци преку кои Друштвото собира лични податоци од корисниците. Личните податоци собрани на овој начин, Друштвото смее, како контролор, да ги користи во согласност со посебните услови (правила за учество во наградните игри, итн.), кои ќе бидат посебно објавени и со кои корисникот посебно се согласува.
Личните податоци во Droga Kolinska d.d. се чуваат само толку време, колку што е потребно за исполнување на намената за којашто биле обработувани. Droga Kolinska d.d. се обврзува да ја штити приватноста на корисниците во согласност со законите. Заштитата на личните податоци на корисниците која опфаќа организациски, технички, техничко-логички процедури и мерки со кои се заштитуваат личните податоци, спречува случајно или намерно неовластено уништување на податоците, нивно менување, давање на трети лица или губење, како и неовластена обработка на тие податоци. Сите податоци се чуваат на заштитени сервери кои се наоѓаат во обезбедени простории.
Корисникот на веб-страницата е запознаен и изречно се согласува дека Друштвото може одредени задачи во врска со обработката на собраните лични податоци да ги довери на друго лице со кое има договор за обработка. Лицето кое има договор за обработка може да ги обработува личните податоци само во границите на овластувањето односно нарачката, што ќе ги добие од Друштвото, а во согласност со определената намена. Друштвото и лицето со кое има договор за обработка нема во никаков облик да ги дадат или откријат добиените лични податоци на трети лица, освен ако со тоа се сложува корисникот или ако така се бара од страна на правосудните органи.
Корисникот може во секое време, преку писмо или на друг договорен начин (на пример преку електронска пошта) да бара контролорот на личните податоци трајно или за одредено време да престане да ги користи неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Во рок од 15 (петнаесет) дена Droga Kolinska d.d. соодветно ќе го спречи користењето на личните податоци и за тоа во наредните 5 (пет) дена преку писмо или на друг договорен начин (на пример преку електронска пошта) ќе го извести корисникот кој го барал тоа.
Бидејќи на веб-порталот постојат одредени веб-врски кон други веб-страници кои не се во никаква врска со Друштвото, контролорот не презема никаква одговорност за заштита на податоците на тие веб-страници.
Колачиња
Освен личните податоци што ги даваат корисниците, Друштвото собира и податоци за користењето на веб-сајтот. Кога некој корисник пребарува по веб-сајтовите, тој пребарува анонимно, што е во согласност со заштитата на приватноста и личните податоци. Податоците за користењето на веб-сајтот не овозможуваат увид во личните податоци на корисниците што тие ги даваат при користењето на тој веб-сајт. Droga Kolinska d.d. ги користи овие податоци само за подобрување на користењето на веб-сајтот.
Друштвото ги собира информациите за користењето на веб-сајтот со колачиња. Колаче е низа од знаци што прелистувачот на корисникот може трајно да ја зачува на неговиот компјутер. Во него се чуваат податоците и изборите од посетите на одредени веб-сајтови. Секогаш кога корисникот ќе ги посети, веб-сајтовите ги користат колачињата на тој начин што ги зачувуваат неговиот единствен идентификатор и податоците за целите на статистичката обработка (веб-страници од кои дојде на веб-сајтот на Argeta, времето и должината на посетата, посетените страници на веб-сајтот на Argeta и други податоци кои не се од лична природа) во заштитено колаче кое времено се зачувува во неговиот компјутер.
Со одредени поставки, корисникот може да ги брише, исклучува или условно да ги користи колачињата. Во основа прелистувачите се поставени да ги прифаќаат колачињата, но да ги отфрлаат оние колачиња кои не потекнуваат од доменот на адресата во адресната лента.
При првата посета на веб-сајтот корисникот се известува за користењето на колачињата и е поканет да даде согласност за ставање колачиња. Со согласноста се смета дека корисникот лично се согласува со користењето и обработката на податоците собрани во колачињата.