За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Да споделиме добрина!

Ние веруваме дека животот е она што самите го создаваме. Но, понекогаш на сите нам ни треба само малку помош. Поради тоа, Аргета започна со #SpreadGood иницијативата и поттикна бран на добри дела, со цел да го направи светот подобро место за живеење.

Дури и најмалите добри дела можат некому да му го разубават денот. Убав гест, мала помош или искрен разговор може да значат многу за некого, а вас да не ве чини ништо. И сега, ајде сите да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина!

Со ваша помош, фанови на Аргета, веќе успеавме да направиме донација на Инфективната клиника во Скопје за станица за набљудување и медицинска опрема.

Донирани се 10.000 EUR евра на ЈЗУ Инфективна клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Тие ќе ја искористат оваа донација за да купат станица за набљудување, што ќе овозможи централизиран мониторинг на пациентите и друга медицинска опрема што очајно им е потребна за да обезбедат најдобра можна нега.

“Поддржете ја иницијативата, навистина, приклучете се, да си помогнеме, да се поддржиме и да заедно се бориме против сите предизвици.”

– Д-р сци. Мирјана Пехчевска Поп-Илиев
Организациски директор на Клиниката за инфективни болести

НИЕ ИНСПИРИРАВМЕ
0
ДОБРИ ДЕЛА

Подолу ќе најдете многу идеи за добри дела. Искористете ги како инспирација. Ако веќе сте направиле добро дело денес, тогаш кликнете на него!

И споделете го со вашите пријатели. Ајде да видиме колку добри дела може да поттикнеме!

Соберете отпадоци од паркот во близина на вашето место на живеење.

Изненадете го вашиот поштар со шолја кафе.

Пофалете некого.

Купете дополнителни намирници во продавница и донирајте ги.

Дадете пари на бездомник.

Дадете предност на некој додека чекате во редот.

Направете оброк за стар сосед.

Извинете се за нешто што сте згрешиле.

Донирајте ја старата облека.

Дозволете му на другиот возач да премине во вашата лента.

Задржете врата на друго лице.

Помогнете во центарот за заштита на бездомни кучиња.

Дарувајте крв, за да спасите живот.

Подарете насмевка и убав збор.

Нахранете бездомно животно.

Вдомете напуштено милениче.

Направете им кафе на работниците во вашата близина.

Почестете го со ладен пијалок работникот што работи без пауза.

Почестете го со ладен пијалок работникот што работи без пауза.

Дајте му бакшиш на вработениот на паркингот кој осум часа работи на отворено.

Дајте му вода и храна на кучето пред вашата зграда.

Секоја година, донирајте облека во СОС Детското село.

Помогнете ѝ на сосетката да го качи багажот по скалите до нејзиниот стан.

Купете им лекови од аптека на старите и болни соседи.

Вишокот од вашата храна донирајте го на тој што нема.

Одржувајте го зеленилото и засадете барем по едно дрвво и по едно цвеќе.

Изненадете ги колегите, направете им сендвич.

Отстапете им место во автобус на бремените жени.

Отстапете го своето место за седење во автобус на повозрасните лица.

Подарете ја облеката и обувките кои веќе не ги носите на пријателите.

Соберете отпадоци од вашата околина.

Донирајте играчки за децата без родители.

Подарете ги книгите што ги имате прочитано во најблиската библиотека.

Да ги научиме најмалите да се грижат за околината и екологијата.

Донирајте пари за постарите соседи кои не се во можност да си купат храна.

Помогнете им на луѓето со посебни потреби.

Помогнете некому колку што можете.

Оставете порака за убав ден на автомобилите на паркингот пред зграда.

Посетете ги повозрасните што ви се блиски.

Дајте некому предност на банкоматот.

Донирајте 100 денари преку порака за некој кому му се потребни.

Помогнете им на постарите лица и децата да преминат улица.

Носете маска секој ден.

Навадте го сувото дрвце, засадете неколку нови.

Исслушајте некого.

Секогаш кажувајте „Благодарам“ и „Извини.

Почувајте го детето на сосетката за да може таа да купи намирници за ручек.

Сакаш да го додадеш твоето добро дело?
Додади тука
Фото галерија