Spread good - Argeta Macedonia

За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

SPREAD GOOD

»Eat good, feel good, spread good.«
 

»Spread good« е нашата одржлива програма со која ја реализираме филозофијата ширење на најдоброто за сите, како во производството, така и во животната средина и на социјалното поле.

Свесни сме за одговорноста што ја сносиме како бренд со меѓународна димензија, па затоа активно инвестираме во постигнувањето одржливи цели.

 

Прочитајте го нашиот прв самостоен извештај за одржливост за периодот 2019 – 2020 година.

Мисија

Создавање на најдобрите можни мали оброци на најискрен и еколошки начин.

Визија

Ширење добро преку создавање неверојатно искуство при консумирање мал оброк, што има позитивно влијание врз луѓето, општеството и околината.

Предизвиците ги претвораме во можности

 

Нашето општество и нашата планета се соочуваат со големи и важни предизвици. Свесни сме за потребните промени во екосистемот кои прехранбената индустрија мора итно да ги прифати. Свесни сме за важноста на здравата и квалитетна храна, како и за зголемениот интерес за исхрана од растително потекло. Свесни сме дека имаме моќ да им помогнеме на тие што имаат потреба.

 

Нашата улога е проактивно да се залагаме за иницијативите и активностите што ќе шират добро и ќе го подобруваат светот во сите области, за нас и за нашите потомци.


Обврските што произлегуваат од нашата програма за одржливост »Spread good« (Шири добро) ги поделивме на три клучни области.

 

Посветеност кон потрошувачите

Сакаме да ги понудиме најдобрите можни производи со висококвалитетни состојки, без адитиви, во безбедно пакување и за сите вкусови.

Посветеност кон животната средина

Веќе подолго време, во производствениот процес вклучуваме елементи на одржлив развој, со што сакаме да им возвратиме само со добро на нашите потрошувачи, партнери, вработени и околината.

Посветеност кон општеството

Обрнуваме внимание на оние на кои навистина им е потребно, а со ангажирање во долгорочни проекти, нудиме повеќе од помош – од локалните претприемачи до талентираните спортски надежи и други добротворни иницијативи.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.