Продажбата, споредена со истиот период од претходната година забележа органски раст од 3,7 проценти, додека благото намалување на продажбата од 0,5% е резултат на минатогодишната продажба на производството на спортска храна на белгискиот партнер и отсуството на приходите поврзани со соодветните услуги. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 70 милиони евра и е повисока за 18,9%, а нето профитот после исплатата на малите акционери порасна за 34,4%, на 42,3 милиони евра.

Најдобри во односите со инвеститорите

Првенствено, поради добрите бизнис резултати и имајќи ги предвид добиените награди и признанија, може да заклучиме дека 2018 година ќе биде уште една успешна година за Атлантик Група, во која ги зајакнавме нашите корпоративни практики, како и нашите брендови. Како прв издавач, Atlantic се пресели од официјалниот на примарниот пазар на Загребската берза, по што следеше и првата награда за односи со инвеститорите. Нашиот врвен меѓународен бренд – Argeta – стана европски лидер, а редизајнираната Cockta постигнува извонредни продажни резултати. Покрај проширениот дистрибутивен опсег, продолживме и со подобрувањето на организацијата на дистрибуцијата и прекинувањето на инвестициите во „несуштинските“ деловни операции. Исто така, значајниот раст на профитабилноста и намалените трошоци за финансирање, како резултат на натамошното раздолжување, го зајакнаа нашиот паричен тек и претставуваат цврста основа за иден раст“, истакна Емил Тедески, претседател на Управниот одбор.

Меѓу големиот број иницијативи од развојот на сопствените производи, се издвојува брендот Argeta, кој, по успешното започнување на производството во САД минатата година, оваа година стана месен намаз број еден во Европа. Редизајнираната Cockta постигна извонредни продажни резултати со вкупен раст од дури 46 проценти во сегментот HoReCa. Стратегијата за прекинување на инвестициите во малите деловни дејности продолжи и во јули со потпишување на договорот со реномираната компанија Magdis од Загреб за продажба на компанијата Neva, со познатите козметички брендови Melem, Plidenta и Rosal.

Најголем раст остварен од Argeta, сегментот пијалаци и хрватскиот пазар

Вкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првите девет месеци од 2018 година главно беше под влијание на следниве стратешки деловни подрачја: Деликатесни намази со раст од 10,2 проценти, Пијалаци со раст од 7,0 проценти и Кафе со раст од 4,3 проценти. Исто така, со удел од 21,0 проценти и продажба од 108,9 милиони евра, сегментот Кафе се издвои како најголема поединечна категорија во вкупните приходи. Под влијание на зајакнатото портфолио и оптимизацијата на организацијата, најзначаен раст во дистрибутивното работење беше забележан на пазарот во Хрватска со раст од 9,6 проценти и во Србија со раст од 5,6 проценти, по кои следат Словенија со раст од 5,5 проценти и Босна и Херцеговина со раст од 4,0 проценти.

Во вкупната продажба, нашите брендови учествуваат со 68,9 проценти, главните брендови во дистрибуцијата со 23,0 проценти, синџирот за фармацевтски производи Фармација со 7,9 проценти и производството за приватни трговски марки за трети страни со 0,2 проценти.