Љубителите на врвната кујна, претставниците на медиумите и блогерите за готвење добија можност за дегустација на новиот вкус на Argeta Exclusive и малку опуштање со префинетата кулинарска уметност на главниот готвач Јанез Братовж.

Argeta Exclusive à la JB го комбинира навидум неочекуваното. Нејзиниот единствен вкус се одликува со внимателно избраната комбинација на состојките, во чијашто срж се издвојуваат кандиран портокал и коњак.  Ексклузивниот рецепт е вистински деликатес за најголемите гурмани. А наскоро ќе можете и сами да формирате свое мислење за новиот вкус, бидејќи веќе во ноември доаѓа на полиците на хипермаркетите, супермаркетите и подобро снабдените продавници.

Според зборовите на Ензо Смрекар, генералниот директор на стратешкото деловно подрачје Деликатесни намази и идеен татко на оваа осма Argeta Exclusive, „Argeta секогаш се стреми да го понуди најдоброто, а со овој ексклузивен вкус нуди нешто навистина посебно. За предизвиците од соработката со врвниот главен готвач тој откри дека „најголемиот предизвик е заедно да создадете софистициран рецепт што ќе може да се примени и во широкото производство. Уште еднаш искусниот тим стручњаци од Argeta извонредно добро соработуваше со главниот готвач Јанез Братовж и можам со гордост да кажам дека Argeta á la JB вистински ги одразува сите нијанси на врвниот рецепт од светски познатиот главен готвач Јанез Братовж. Ние сме многу горди на новиот вкус.“