Инспирацијата за новите намази е добиена од популарниот хумус кој илјадници години е незаменлив дел во блискоисточната кујна. Зборот хумус кој во превод значи леблебија, една од основните состојки на растителните намази Argeta. Во комбинација со палета од интересни дополнителни состојки се добива совршен оброк за љубителите на здрави закуски, спортски ентузијасти и современи семејства кои иако се секогаш во движење не се откажуваат од забавни разнобојни оброци.

Меѓу новите комбинации на растителни намази можете да го пробате намазот од зеленчук Humus Natur, класичен намаз од хумус, идеален за сите видови леб што можете лесно да го послужувате и како вкусен сос со свеж зеленчук и солени грицки. Вкусот на Медитеранот доаѓа до израз во намазот од зеленчук со црни маслинки кој совршено се сложува со сушени домати, сирење и грицки, а нашиот намаз од зеленчук со црвена пиперка на секој оброк ќе му даде домашен вкус. Оние кои претпочитаат егзотични комбинации ќе уживаат во намазот од зеленчук со црвена тиква и џумбир и намазот од зеленчук со цвекло и рен.

Новата линија намази од зеленчук на Argeta стартува со продажба на словенечкиот пазар, потоа можеме да ги очекуваме и на другите пазари.

Кој вкус најмногу би сакале да го пробате?