Ја доделува Бизнис дневникот во соработка со Берзата на тој начин давајќи им признавање на инвестициската заедница на компаниите кои имаат фер и транспарентни односи со инвеститорите. Во конкуренцијата се вклучени компании од составот на индексот CROBEX компании вклучени во Официјалниот пазар на Загребската берза, а за наградените се одлучува врз основа на статистички критериуми кои се однесуваат на почитувањето на Правилата на Берзата од страна на издавачите и врз основа на анкета спроведена меѓу учесниците на пазарот на капитал.

Valamar Riviera и Хрватскиот Телеком се добитници на втората, односно третата награда.

TРАНСПАРЕНТНОСТ И ОДГОВОРНОСТ

Наградата ја презеде менаџерот за Односи со инвеститорите, Ивана Бараќ, која во оваа прилика им се заблагодари на колегите кои работат напорно за да им ги презентираат деловните резултати на инвеститорите.

“Ние сме една од првите компании која ги имплементираше високите стандарди за корпоративно управување. Во моментов сме единствена компанијата чии акции се наведени во Prime Market, елитната котација на Загребската берза која бара зголемено ниво на транспарентност”, истакна и притоа го поздрави проектот на Загребската берза и Европската банка за реконструкција и развој во изработката на нов кодекс за корпоративно управување.

Транспарентноста во финансиската комуникација е неизбежна врска со инвестициите. Во односот кон сите засегнати страни одговорноста е составен дел на стратегијата за развој нa Atlantic Grupа, a веќе подолго време во континуитет Atlantic ги oстварува резултатите што ги најавува, врз основа на што пазарот на капиталот, како и акционерите, ја препознаваат компанијата како транспарентна, одговорна и перспективна.