Наградата „Вклучи ги сите!“ значи дека вклучувањето на сите видови разновидност за нас е дел од нашето нормално работење. Од близу 500 вработени, половина се жени. Жените држат 68% од раководните места. Вкупно 23% од вработените се помлади од 40 години, а ист процент имаат вработените постари од 55 години.

Веруваме дека разновидноста нè збогатува и зајакнува, бидејќи сме најдобри кога ќе успееме во спојувањето на вештините носени од храбра младешка енергија со длабокото и богато искуство на постарите, кога го комбинираме прагматичниот пристап што повеќе може да им се припише на мажите со пословичната чувствителност на жените, кога плетеме силна мрежа на културна, етничка и религиозна разновидност, како и добра доза уникатни лични стилови. Кога на тој начин одиме кон заедничка цел, ништо не може да не запре.