За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Посветеност кон општеството

Целосно сме свесни за одговорностите што ги имаме. Затоа, активно бараме социјални области во кои можеме да придонесеме, да ги подобриме и надградиме, и среќни сме што се придружуваме до локалните приказни и гордо ја поддржуваме идејата за подобра и поуспешна иднина.

Нашата посветеност кон општеството

 

Преку едукација, поддршка за подобра исхрана и промоција на спортот позитивно ќе влијаеме на квалитетот на животот на 20 милиони луѓе.

Подобрување на квалитетот на секојдневниот живот

Сакаме да понудиме квалитетна и едукативна забава за деца, да го зголемиме бројот на содржини и сродни проекти.

 

ПОСВЕТЕНОСТ И ЦЕЛИ ДО 2030 ГОДИНА:

  • Ќе го подобриме квалитетот на забавно-едукативна содржина за деца.

Како голем поддржувач на врвното кулинарство, сакаме да обезбедиме успешен развој и светла иднина во оваа професија, па затоа сакаме да ги приближиме луѓето кон вкусовите на престижните готвачи, а на младите готвачи да им го овозможиме нивното прво искуство во врвните кујни.

 

ПОСВЕТЕНОСТ И ЦЕЛИ ДО 2030 ГОДИНА:

  • Ќе обезбедиме полесен пристап до врвното кулинарство.

Популарни е-книги за деца

Создадовме дигитална колекција на едукативни интерактивни приказни за деца од различна возраст, создадени во соработка со реномиран психолог за развој и тим на успешни детски писатели и илустратори. 

Е-книгите се дизајнирани да поттикнуваат развој на различни когнитивни способности на деца од различна возраст и да претставуваат забавна и корисна содржина од која децата, од една страна, ќе уживаат, а од друга страна, ќе имаат корист.

Подобрување на квалитетот на животот во општеството

Финансиска поддршка на спортот, образованието и културата

 

Преку спонзорства и донации, активно ќе инвестираме и ќе враќаме во општеството во областа на спортот, културата и образованието.

 

ПОСВЕТЕНОСТ И ЦЕЛИ ДО 2030 ГОДИНА:

  • 1 процент од нашиот профит ќе биде донирани во спонзорства и донации.

Добри дела што создаваат
нови добри дела

Иако веруваме дека животот е она што самите ќе направиме од него, знаеме дека понекогаш ни треба малку помош. Затоа, создадовме бран на добри дела во иницијативата #SpreadGood во Босна и Херцеговина, Македонија и во Косово. 

Со кампања што поттикнуваше добри дела меѓу луѓето, поттикнавме повеќе од 4.000 добри дела и барем исто толку искрени насмевки во три земји. И ние исто така се вклучивме во кампањата со донации за клучни добротворни организации или здравствени установи во секоја земја.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.