Правно известување

Авторски права

Целата содржина објавена на вебсајтот на Argeta е сопственост на ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o. и во законски дозволена рамка е предмет на заштита на авторски права и други форми на заштита на интелектуална сопственост.

Содржините (текст, фотографии, логотипи и др.) објавени на овој вебсајт можат да се користат исклучиво за некомерцијални цели и не смеат да се менуваат, копираат, умножуваат, повторно објавуваат, праќаат по пошта или на кој било друг начин да се распространуваат за комерцијални цели без изречна пишана согласност на ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o.

Сите репродукции или копии на содржината на овој вебсајт мора да ги задржат сите ознаки за авторски права, други известувања за права на интелектуална сопственост или известувања за други права (ознаката © 2015 ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o. Сите права се задржани. ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o. е член на Atlantic Grupa).

Трговските марки и брендовите за услуги што се појавуваат на овој вебсајт се регистрирани трговски марки чијшто сопственик или корисник на лиценца е ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o. (во натамошниот текст Компанијата) или нејзините подружници. Користењето на овие трговски марки е изречно забрането, освен во случаите утврдени во овој текст.

Политика за приватност

ATLANTIC DROGA KOLINSKA d.o.o. (во натамошниот текст: Компанијата) е дел од групацијата Atlantic Grupa, во чии рамки се воспоставени и се применуваат високи стандарди за деловно управување и транспарентно работење, што значи одговорно, законско и етичко однесување на сите правни субјекти на Atlantic Grupa, што во исто време вклучува и почитување на приватноста и заштита на личните податоци.

Имајќи ги предвид споменатите стандарди, Компанијата, како контролор на обработката на податоците во рамките на групацијата Atlantic Grupa, законски,чесно и транспарентно ги собира и обработува личните податоци во согласност во важечките прописи и применува соодветни технички и организациони мерки за заштита на личните податоци од незаконски пристап и злоупотреба.

Компанијата е свесна дека заштитата на личните податоци е важна за нашите корисници и другите поединци. Затоа сакаме да ве информираме кои лични податоци ги собираме, како управуваме со нив и како се грижиме за нивната заштита.

Цел, опсег и правна основа за обработка

Личните податоци се собираат за посебни, изречни и законски цели во суштински опсег и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

Компанијата ќе собира и обработува лични податоци само во случаи кога е тоа дозволено со прописи:

  • обработката е потребна поради исполнување на законските обврски;
  • кога поединецот се согласил на обработка на неговите лични податоци;
  • обработката е потребна за извршување на договор во којшто страна на договорот е поединец за кој е однесуваат личните податоци или за извршување мерки на барање на тој поединец пред завршувањето на договорот;
  • обработката е од суштинско значење за заштита на виталните интереси на поединецот за кој се однесуваат податоците или друго физичко лице;
  • обработката е потребна за законските интереси на Компанијата или придружените компании.

Собирање и користење на личните податоци

Личните податоци се информации што директно или индиректно ве идентификуваат. Тоа се, на пример, вашето име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број, IP-адреса или поштенска адреса.

Компанијата не собира ваши податоци, освен во случај кога вие изречно поднесувате такви податоци (на пример при прашување за одреден производ или услуга, склучување договор или барање за одредени постапки пред склучување договор, преку вклучување во програми за лојалност, запишување за е-билтени, учество во анкети, натпревари и наградни игри, нарачување примероци или брошури, барања за донации и при барање одредени информации, поднесување CV или отворена понуда или при пријавување за отворено работно место, како и со вработување во нашата компанија итн.).

Вашите лични податоци ги собираме, чуваме, користиме и ги пренесуваме во опсег – во поглед на содржина и време – потребен за конкретниот случај, на пример да одговориме на вашите прашања, да ги исполниме вашите барања, да ве известиме за нашите производи или за резултатот од натпревар или наградна игра, да исполниме обврски од договор или итно потребни постапки пред склопување договор или за исполнување други законски и правни обврски. Од тие причини Компанијата мора повремено да испраќа лични податоци до други компании на Atlantic Grupa и придружени компании или надворешни даватели на услуги за натамошна обработка. Даватели на услуги може да бидат ангажирани за, на пример, услуги на центар за повици, дистрибуција на стоки или материјали за реклама или за организација и изведување наградни игри. Компанијата бара од таквите страни да ги прифатат важечките законски прописи, да постапуваат во согласност со нашите упатства и да ги почитуваат нашите интерни правила за заштита на личните податоци, како и да преземат соодветни организациски и технички мерки за таквата заштита. Од тие причини, вашите лични податоци треба да бидат испратени во други држави-членки на ЕУ или во земји надвор од ЕУ, но при овој вид на пренос Компанијата се грижи преносот да биде целосно во согласност со законот и да биде извршен со сите достапни и соодветни мерки за заштита на личните податоци.

Компанијата гарантира дека нема никому да ги продава вашите лични податоци, нема да ги испраќа или изнајмува вашите лични податоци на трети страни ако тоа не е неопходно за исполнување одредени цели за кои ни ги дадовте личните податоци, а исто така, гарантира дека нема да ги дава вашите лични податоци на ниеден неовластен примател.

Постои можност дека ќе треба да ги дадеме вашите лични податоци на надлежни јавни органи во случај тоа да се бара со закон или друг задолжителен пропис.

Собраните податоци ќе се чуваат додека е тоа потребно за целите за кои тие биле собрани или до крајот на периодот утврден со важечките прописи.

Користење на личните податоци за рекламирање и маркетиншки цели. Собирање и користење на личните податоци:

Кога вашите лични податоци се користат за рекламни цели и маркетинг во согласност со важечките прописи со кои се уредува заштитата на личните податоци, вашите лични податоци ќе се чуваат и користат за тие цели, на пример за испраќање известувања по е-пошта, мостри од производот, покани за учество на натпревари или наградни игри преку е-пошта или обична пошта или некој друг комуникациски канал што го имате прифатено.

Ако вашите лични податоци се користат за испраќање реклами и промоција скроени индивидуално за вас, со цел да се креира и одржува кориснички профил, вие ќе бидете однапред известени за тоа, со други зборови, пред испраќање такви реклами и промоции и пред таквата обработка на личните податоци ние, се разбира, конкретно и изречно ќе побараме од вас согласност за која ќе бидете правилно информирани.

Исто така, вашите податоци ќе ги користиме и за анализа и подобрување на ефективноста на нашите онлајн услуги, рекламирањето, маркетингот, истражувањето на пазарот и напорите за продажба во анкети и други прашалници или на начин што осигурува дека вашите лични податоци не се наведени со вашето име или на начин да можат да се поврзат со конкретно лице.

Остварување на правата на поединецот

Во секој момент можете да барате од нас информација за вашите лични податоци што ги обработуваме, да барате нивна поправка, можете да го прекинете нивното користење, да барате бришење на вашите лични податоци, да ја повлечете согласноста за сите или само за некои цели (освен кога тоа не е можно, на пример кога тоа вклучува обработка на податоците за статистички цели за кои личните податоци на ниеден начин не можат да се искористат за идентификација), да забраните пренос на податоците на друг контролор за обработка на податоци под законски услови и можете да се одјавите од добивање на нашите информативни и промотивни материјали.

Исто така, можете да поднесете приговор на користењето на вашите лични податоци во ситуации засновани на постоење на наши законски интереси, особено кога податоците се користат за потребите на директен маркетинг.

Од наша страна ние ќе се трудиме до најголема можна и разумна мера да обезбедиме вашите податоци што ни ги дадовте на располагање да бидат правилно евидентирани, но во исто време одговорноста за точност е и на ваша страна, затоа ве молиме редовно и навреме да ги ажурирате вашите информации или да поднесете барање за внесување промени или корекции.

За да ги остварите вашите права и обврски во врска со користењето на личните податоци, можете да ни се јавите преку е-пошта или на поштенската адреса на Компанијата како што е наведено на вебсајтот или преку адресата за е-пошта: [email protected] или следејќи ги упатствата на испорачаниот промотивен материјал.

Со воспоставување на контакт и прием на таквите барања, ќе вложиме разумен напор да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме секаква неовластена обработка на личните податоци.

По приемот на вашите барања ќе ги спроведеме потребните постапки во соодветен рок, но не подоцна од 30 дена од приемот и по потреба ќе ве известиме за тоа, во согласност со законот.

Деца

По правило не собираме податоци за децата. Ако утврдиме дека се ни испратени такви податоци без согласност од родителите или законските старатели, ќе ги избришеме податоците во најкраток можен рок. При тоа ќе ги следиме упатствата што ќе ги добиеме од вас како родители или законски старатели.

Ако сепак за одредени цели собираме податоци за деца на возраст за која е потребна согласност од родителите за обработка на нивните податоци, ќе дадеме соодветна информација за тоа и ќе преземеме разумни мерки за да утврдиме дали децата имаат согласност на родителите или законските старатели.

Безбедност на податоците

Имаме поставени технички и организациски мерки за спречување губење на вашите податоци, менување, отуѓување или пристап од неовластени трети страни или каква било неовластена обработка на вашите податоци. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен само на оние вработени на кои им се неопходни тие информации за испорака на нашите услуги или за решавање на вашите барања. Ние постојано ги обучуваме нашите вработени за важноста на доверливоста на податоците и одржувањето на приватноста и безбедност на вашите податоци. Ги собираме само оние податоци што се неопходни за конкретна обработка и не ги чуваме податоците подолго од она што е потребно или пропишано со прописи.

На нашиот вебсајт можете повремено да најдете вебврски до други вебсајтови или портали и може да нудиме одлики на социјални мрежи кои овозможуваат споделување лични податоци на социјалните мрежи. Препорачуваме секогаш прво да ги прочитате правилата за заштита на личните податоци на тие портали, социјални мрежи или трети лица, како и за мерките усвоени за таквата заштита, бидејќи тие може да се разликуваат од нашите правила и нашите усвоени мерки, за што не можеме да бидеме одговорни.

Ограничување на одговорноста

Иако преземаме достапни технички, организациски и кадровски мерки за заштита на личните податоци од случајна или намерна злоупотреба, уништување, губење, неовластено менување или пристап, не можеме да гарантираме дека одредени лични податоци што ги собираме, и покрај одредбите од овие правила за заштита на приватноста, нема никогаш да бидат случајно откриени.

До најголем можен степен дозволен со законот, не ја прифаќаме одговорноста за штета предизвикана кај корисниците или трети лица со случајно откривање на личните податоци.

Бидејќи немаме контрола над личните податоци што ги поднесувате при пристапување до други вебсајтови и нивно користење или непосредно на трети лица (на пример при земање учество во спонзорирани активности), до најголем можен степен дозволен со законот не ја прифаќаме одговорноста за штетата што може да ја имате вие или трети лица поради давањето лични податоци.

Измени и дополнувања

Го задржуваме правото за измена и дополнување на делови од овие Правила во секое време без претходно известување. Ве молиме, од време на време да го посетувате нашиот вебсајт за да бидете известени за измените и дополнувањата на Правилата. Датумот за влегување сила на најновата верзија на Правилата ќе биде објавен.

Овие Правила се последен пат изменети на 4.2.2020.