За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

08.09.2022

Зошто алуминиумот е добар избор за пакување?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во Аргета, нашата заложба за одржливост ја почитуваме и со амбалажата, поради што користиме исклучиво алуминиум. И зошто тоа е добар избор? Алуминиумот е еден од ретките материјали што може бесконечно да се рециклира, што значи дека ништо не се губи кога се рециклира, туку целата влезна суровина се враќа во форма на нов, рециклиран алуминиум.

 

Ова не е единствената предност, бидејќи алуминиумот исто така совршено ја штити содржината од светлина и други надворешни влијанија. На овој начин, паштетите остануваат вкусни и квалитетни, а пред се, со алуминиумското пакување можеме да обезбедиме долг рок на траење. Ова го постигнуваме и со нашиот специјален високотехнолошки процес на термичка обработка, кој ја заменува употребата на конзерванси. Алуминиумот е исто така полесен од железото или стаклото, што значи помало влијание врз животната средина при транспорт. Овие важни чекори ни помагаат да ги создаваме најдобрите мали оброци кои истовремено не се штетни за животната средина.

Нам ни е многу важно да можеме да нудиме само висококвалитетни и бескомпромисно безбедни производи, поради што целата наша алуминиумска амбалажа од внатрешната страна има заштитен слој направен од BPA-NI (Not Intent) слој кој не содржи бисфенол А. Овој слој ефикасно спречува трагите од алуминиум да се пренесат на производот, кој што може да се консумира, што е дополнителна гаранција за безбеден и висококвалитетен оброк.

 

Акцентот на квалитетот во сите области и одговорното управување со ресурсите за амбалажа на нашите пакувања е нашиот водечки принцип. Затоа цврсто веруваме во овие вредности кои се клучот за успехот на број 1 паштетата од месо и риба во Европа.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.