За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

08.09.2022

Зошто користиме FSC сертифицирана картонска амбалажа?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во светот се повеќе расте свеста дека природата е една и дека мора да се грижиме за неа и да ја оставиме зачувана за потомството. Словенија е земја на шуми, бидејќи повеќе од 56 проценти од површината на Словенија е покриена со шуми, што нè рангира на третото место во Европа, и поради тоа, важно е економското управување и заштита на шумите. Во Аргета сме цврсто посветени на оваа вредност, бидејќи сакаме со нашите производи да оставиме што е можно помал товар на животната средина. Тоа го постигнуваме со користење на FSC сертифицирана амбалажа.

Што е FSC?

FSC е кратенка за Forest Stewardship Council, организација која го мотивира и сертифицира одговорното управување со шумите во светот. Целата амбалажа која ја носи оваа ознака е добиена од дрво (производи од дрво и хартија) од одговорно управувани шуми. FSC промовира одржливо, еколошки, економски прифатливо и социјално праведно стопанисување – а тоа значи дека бројот на исечени дрвја се заменува со ист број на ново засадени. Една од заложбите како дел од нашиот одржлив развој е и посветеноста кон животната средина, поради што целата наша картонска амбалажа што се користи во производството на нашите производи (транспортни картони, картони за повеќе пакувања) е од FSC сертифицирани извори.

 

На таков начин во Аргета, ја исполнуваме нашата мисија за еколошки бренд со еколошка амбалажа во сите области. И искрено веруваме дека заедно со сите вас кои ги поддржувате нашите напори, можеме да продолжиме да се гордееме со нашите прекрасни и пространи зелени шуми.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.