Во првата сезона на Argeta Exclusive Академија во 2020 година, беа избрани младите таленти Јака Мартинчич и Ана Муциќ, во 2021, Анже Билбан и Инес Јуришиќ запловија во водите на високото кулинарство на врвните шеф-готвачи, а оваа година во кујните ќе работат Јуре Цезар и Карло Габровац.. Тие ќе направат едномесечна пракса во различни кујни на словенечки и хрватски шеф-готвачи, каде што ќе имаат можност од прва рака да ја научат филозофијата на нивните ментори, ќе научат многу нови техники кои овозможуваат подготовка на јадења во поинаков начин, и ќе добијат одличен увид за тоа како врвното кулинарство се менува и како расте свеста за квалитетот на локални состојки.