За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Интегрален леб

Време за подготовка: 2 часа и 20 минути Сподели

Интегралниот леб содржи битни влакна, минерали и Б витамини што му се потребни на вашиот организам. Интегралниот леб со Аргета и вашите омилени додатоци е многу вкусна и здрава закуска која ќе го збогати вашето мени и ќе ги воодушеви сите што ќе ги послужите. Ако сте заситени од еден ист леб, одвојте малку повеќе време и забавувајте се во подготовката на интегралениот леб, кој ќе стане вистински специјалитет на вашата кујна.

Состојки на интегрален леб:

250 g интегрално брашно од спелта
250 g интегрално брашно од пченица
180 g мешани семиња (сончоглед, тиква, лен)
100 ml маслиново масло
380 ml топла вода
1 лажица шеќер
1 полна лажичка сол
10 g сув квасец

Интегрален леб

Тесто:

1. Во поголем сад измешајте ги брашното, семките, шеќерот, солта и сувиот квасец.

2. Додајте маслиново масло и топла вода, а потоа измешајте и замесете ги сите состојки.

3. За месење, кое треба да трае 7 минути, најдобро е да користите миксер за храна, бидејќи тестото е доста влажно и лепливо.

4. Покријте го садот со капа за туширање или влажна крпа, а потоа ставете го на топло место 1 час за тестото да нарасне.

Интегрален леб

Печење:

1. Загрејте ја рерната на 200 °C.

2. Нараснатото тесто развлечете го на набрашнета површина и израмнете го со дланките.

3. Направете ролат и ставете го во модла за леб долга 30 cm.

4. Покријте го и оставете го 30 минути за да нарасне.

Интегрален леб

5. Интегралниот леб го печете 30–40 минути на 200 °C.

6. По печењето, се вади лебот од модлата и се става на решетка за да се излади.

Интегрален леб

Повеќе