Се прашувате која е тајната на пивскиот леб, што е толку лесен и мек? Тоа е сигурно вистинската комбинација на пиво и стопен путер со која ќе ја прелиете површината. Пивскиот леб се подготвува многу лесно и нема да ви одземе многу време со оглед на тоа дека за нешто повеќе од 1 час, на него ќе можете да ја нанесете вашата омилена Аргета. Загрејте ја рерната, подгответе ги состојките и одберете го омиленото пиво, а притоа уживајте во вашиот нов омилен пивски леб.
Состојки:
400 g брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
350 ml пиво
120 g путер

Постапка за подготовка на пивски леб:
1. Загрејте ја рерната на 180 °C.
2. Растопете го путерот на тивок оган или во микробранова печка.
3. Половината од стопениот путер измешајте го со брашното, прашокот за пециво, солта и пивото.

4. Добиената смеса ставете ја во подмачкана тава за леб од 20 см.
5. Површината се прелева со останатиот стопен путер.
6. Пивскиот леб се пече 50 минути на 180 °C.

7. По печењето, се остава 5 минути во модла, а потоа се префрла на решетката за да се излади.
