На нашите менија често имаме симпатични кајзерки, бидејќи тие се одлични со грицки и разни сендвичи. И која е добрата страна на кајзерките? Ова, секако, ќе ви стане јасно кога на свежата кајзерка ќе ја намачкате вашата омилена Аргета, месна и рибна паштета број 1 во Европа*.
Нема да ви треба многу време за да подготвите кајзерки, а кога гордо ќе ги извадите од рерната додека сè уште се топли, тие ќе мирисаат толку примамливо во вашиот дом што никој нема да може да им одолее.
Состојки
400 g бело пченично брашно
1 кесичка сув квасец
240 ml топла вода
15 g мед
2 лажици масло
8 g сол
Тесто
1. Во поголем сад измешајте ги брашното, сувиот квасец и солта.
2. Направете дупка во средината на смесата, ставете мед во неа и истурете топла вода.
3. Измешајте сè заедно, а потоа измесете меко и еластично тесто.
4. Месете околу 7-10 минути со миксер.
5. Покријте го садот со влажна крпа или со проѕирна капа за туширање.
6. Тесто го ставаме на топло место за да нарасне и да се удвои – околу 1 час.

Обликување и печење
1. Од тестото откинете парче од околу 80 g и со прстите обликувајте го во топче – соберете го тестото во една точка и на тој начин затегнете ја површината на топчето.

2. Од тестото се прават 8 топчиња, се покриваат со проѕирна фолија и се оставаат да нараснат 30 минути.
3. Загрејте ја рерната на 200 °C.
4. Во секое топче ја втиснуваме типичната шема на ветерница со модла.
5. Кајзерките се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат 15-20 минути.


