Што е тоа што го извојува тост-лебот од сите други лебови? Се разбира, тоа е неговата мекост. Препознатливата структура на тост-лебот се прави со печење во водена бања, бидејќи во рерната истовремено се ставаат модла со тесто и огноотпорен сад со врела вода. Зошто да купувате мек тост-леб од продавница кога можете да го направите дома? Видете го рецептот и направете си свој тост-леб, што толку вкусно ќе се комбинира со вашата омилена Аргета што наскоро ќе го научите рецептот напамет.
Состојки
460 g бело пченично брашно
240 ml топла вода
60 ml млеко
25 g шеќер
60 g путер на собна температура
1,5 лажички сол
7 g сув квасец
Ни треба и модла за леб долг 22 cm.

Тесто
1. Во сад ставете 240 ml топла вода, 60 ml млеко, 25 g шеќер и 7 g сув квасец.
2. Садот ставете го на топлиот дел од кујната и оставете го 10 минути да надојде квасецот.

3. Во поголем сад измешајте 1,5 лажички сол со 460 g брашно и направете дупка во средината.
4. Истурете го квасецот и измешајте.
5. Се препорачува користење на миксер за месење кој ја врши работата побрзо и со помал напор. Покрај тоа, ова тесто е потешко за ракување, бидејќи е полепливо.
6. Месете го тестото 5 минути, а потоа замесете парчиња омекнат путер во него.
7. Повторно месете го тестото 5 минути.
8. Садот со тестото покријте го со капа за туширање или влажна крпа и ставете го на топло место за тестото двојно да нарасне – околу 1 час.

Обликување и печење
1. Тестото се става на набрашнета површина.
2. Со прстите притиснете го во правоаголник, долг колку модлата за леб и дебел 2 cm.
3. Расукајте го во ролат и ставете го во подмачкана модла за леб.
4. Покријте ја модлата и почекајте 30 минути за тестото да нарасне.

5. За тоа време, загрејте ја рерната на 180 °C.
6. Во сад зовриете вода.
7. Во рерната истовремено се ставаат модлата со тесто и огноотпорниот сад со врела вода.
8. Така печете 10 минути, а потоа отстранете ја водата и печете уште 15-20 минути.
9. Во основа, овој тост-леб се пече 25-30 минути.

10. По печењето тост-лебот се вади од модлата и се лади на решетки.
