Зошто за појадок да не се почестите со вкусен тркалезен ѓеврек? Лебот потекнува од еврејската кујна, го симболизира кругот на животот и носи среќа. Но, бидејќи велат дека понекогаш е добро да се предизвика среќата, зачинете го вашиот утрински ритуал и направете свежи ѓевреци. Подготовката е едноставна, а печењето трае само 20 минути. Утринскиот мирис на свеж ѓеврек и вкусот на вашата омилена Аргета ќе ви го направат денот толку убав од самото утро за ништо да не може да ве исфрли од рамнотежа подоцна. Знаете - по добар појадок, денот се познава.
Состојки:
600 g брашно од бела пченица
7 g сув квасец
1 лажица шеќер
1,5 лажички сол
300 ml топла вода
3 лажици масло
За горе:
1 јајце
сусам
Тесто:
1. Во поголем сад изматете ги брашното, сувиот квасец, шеќерот и солта.
2. Измешајте ги состојките и направете дупка во средината.
3. Истурете топла вода и масло.
4. Измешајте сè заедно, па замесете цврсто и мазно тесто.
5. Покријте го садот со проѕирна капа за туширање или со влажна крпа.
6. Оставете го тестото да нарасне 1 час во топлиот дел од кујната.

Обликување:
1. Поделете го тестото на 9 приближно еднакви дела.
2. Со дланките направете топчиња од сите делови.
3. Оставете ги топчињата 10 минути за да се ослободи глутенот во нив.

4. Израмнете го топчето со прстите, а потоа направете дупка во средината и со дланките обликувајте го во еднакво дебел прстен.
5. На овој начин ги обликуваме и другите парчиња тесто.
6. Ѓевреците ги покриваме и ги оставаме да нараснат 30 минути.

Готвење и печење:
1. Загрејте ја рерната на 210 °C.
2. На оган ставете големо тенџере со вода и оставете го да зоврие.
3. Внимателно ставете толку ѓевреци, колку што е потребно за тие да можат лесно да испливаат на површината.
4. Варете ги по 1-2 минути од двете страни, а потоа префрлете ги во пекач покриен со хартија за печење.

5. Ѓеврекот се премачкува со изматено јајце и се посипува со сусам.

6. Печете ги околу 20 минути додека не поруменат.
