Што ако на темен 'ржан леб ја намачкате Аргетата во којашто најмногу уживате? Сè уште не сте пробале? Дозволете си малку креативност во кујната, зашто ви е ветено дека ќе уживате во секој залак, бидејќи Аргета, рибина или месна е паштета бр. 1 во Европа, извонредно го надополнува слатко-киселиот вкус на шведскиот двопек. И воопшто нема да трошите многу време на овие кулинарски задоволства, бидејќи вашите непца ќе уживаат во хармонијата на божествените вкусови по цел час подготовка и печење. Добар апетит!
Состојки:
400 g ‘ржано брашно
500 ml кисело млеко
75 ml златен сируп / меласа
1 лажичка сол
2 полни лажички сода бикарбона

Постапка:
1. Загрејте ја рерната на 175 °C.
2. Во сад измешајте ‘ржано брашно, сол и сода бикарбона.

3. Додајте кисело млеко и златен сируп – ако не најдете сируп, може да користите исто количество меласа.
4. Измешајте добро сè заедно.
5. Добиената маса ставете ја во модла за леб долг 25 см, во која претходно ставивме хартија за печење.

6. Двопекот се пече 1 час на 175 ºC.
7. По печењето, се вади лебот од модлата и се лади на решетка.
