За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Ајде да правиме топчиња од леб

Време за читање 1 min Сподели

Зошто да мачкаш Аргета само на леб ако можеш да направиш вкусни солени топчиња и да се забавуваш со целото семејство? Заедно можете да направите креативна ужина што е исто така добра за развивање на координацијата меѓу рацете и очите кај твоите малечки. Овој брз и лесен рецепт е одличен за после тренинг или семеен натпревар во кошарка. Да почнеме!

Состојки:

  • Аргета туна паштета
  • Двопек
  • ‘Ржен леб
  • Кашкавал

Како?

Прво исечи го лебот во форма на квадрати, кругови или ѕвезди, изборот е твој. Потоа измешај ги Аргета туна паштетата и кашкавалот во сад. Тука почнува забавата, но и кујната станува неуредна. Со чисти раце мешај додека не добиеш хомогена смеса. Искрши го двопекот на поситни парчиња и додади го во смесата. Сега е време за креирање вкусни топчиња. Секое топче извалкај го во лебни трошки. Извади ја престилката и уживај со твоите мали готвачи!

Повеќе