За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Дали Марфи сака Аргета?

Време за читање 1,5 min Сподели

Марфиев закон или коинциденција. Дефинитивно има нешто помеѓу лебот и Аргета за што мора да зборуваме.

Си намачкал совршено парче леб со Аргета, но нешто се случи, имаше ненадејно движење, и лепчето ти падна на земја. Зарем мораше да падне вака? Мора да има некакво објаснување зошто лебот скоро секогаш паѓа на страната намачкана со вкусна паштета. Или тоа е само факт дека голата страна на лебот е љубоморна на другата?

Сè започна со пародична поема

Дали имаше Аргета во 1884 година? За жал не, но имаше поет чие име беше Џејмс Пејн, кој напиша поема што е многу вистинита:

“Никогаш не сум пробал парче леб
Особено големо и широко,
Што не паднало на земја,
И секогаш на страната со путерот!”

“Ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне… “

… e реченица многу слична на онаа на Едвард А. Марфи од 1949 година – да, од таму е името Марфиев закон. Според Роберт Метјус, најголемиот дел парчиња леб намачкани со путер (или Аргета во нашиот случај) не паѓаат како паричка, односно шансите не се 50/50. Во неговото истражување, тој вели дека парчето леб ротира кон намачканата страна поради висината од која што паѓа. Бидејќи просечната висина на трпезариска маса не е доволно висока за лепчето да се сврти два пати, Марфиевиот закон стапува на сила. Ако масата е повисока од три метри, тогаш лепчето ќе ротира 360 степени и Марфиевиот закон ќе биде во полза на Аргета – а ти сè уште ќе можеш да уживаш во нејзиниот вкус.

Повеќе