За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Зошто е добро децата да имаат пристап до Интернет?

Сподели

Веруваме дека насловот ве изнeнaди и како и многу родители, и вие го активиравте секој штит на претпазливост. Но, кога сѐ повеќе активности постојано и рапидно се преселуваат онлајн, важно е да размислиме како да го искористиме тоа во корист на нашите најмали.

Во својата речиси четириесетгодишна историја, интернетот ни донесе многу нови работи. Имаме онлајн купување, можност да комуницираме со пријателите на другата страна на планетата, пристап до омилените содржини и уште многу други нешта … Но, размислете, ако во минатото ние како родители најмногу се грижевме и се обидувавме да ги мотивираме децата да поминат повеќе време надвор или читајќи книги, сега во голема мера го сменивме начинот на размислување. Научивме да ја прифатиме таканаречената „неопходност” од компјутерите во животот на децата и да им најдеме намена во секојдневната рутина.

Децата и интернетот

Децата и интернетот

Ние во Аргета, ја разбираме загриженоста околу фактот дека децата користат интернет, па затоа подготвивме различни предлози со кои ќе ги направите безбедни додека се онлајн. Постојат многу начини, но некои се поефикасни од другите. Еве што предлагаме ние:

  • разговарајте со децата и обидете се да ги научите кои содржини на интернет се несоодветни,
  • ограничете го времето што децата можат да го поминат на интернет,
  • користете апликации што оневозможуваат пристап до несоодветни вебстраници,
  • обезбедето го пристапот до интернет со лозинка,
  • користете мобилни апликации за ограничување на користењето интернет од страна на децата,
  • обезбедете едукативни курсеви за безбедно користење интернет за деца.

Погрижете се вашата посета на интернет да е безбедна, на забавен и едукативен начин. Бесплатно!

И покрај изобилството на содржини наменети за децата, потребна е претпазливост. Затоа, ние во Аргета решивме да развиеме единствена вебстраница дизајнирана специјално за деца. Паторчето Јуниор, најдобриот пријател на децата, дојде да ни помогне и заедно ја создадовме платформата  Junior Авантури.

Ова е целосно безгрижен, безбеден, забавен и едукативен онлајн свет, развиен специјално за деца од 4 до 10 години (и секако за нивните родители). Со пријателско корисничко искуство, сакаме да ја приближиме вебстраницата до децата и со корисни содржини да ги воодушевиме сите – децата и нивните родители.

 

„Мила најмногу се забавува кога играме „Ги помните ли чудовиштата? ”

@wisper.ves

„Авантурата на Лиа е читање е-книги и играње забавни игри.”

@jasnapilates

„Моите деца уживаа со е-книгите со Паторчето Јуниор.”

@rozzalia_mitrev

Поведете ги своите деца во безгрижни авантури! Уживајте во читањето бесплатни интерактивни е-книги напишани од реномирани словенечки автори и одобрени од развојни психолози. 2020 година донесе и нова серија е-книги што ќе ги забавуваат децата од сите три возрасни групи (од 4 до 5 години, од 6 до 7 години и од 8 до 9 години).

Во „Игротеката“ децата можат да играат забавни и едукативни игри. Во играта „Гладни контејнери“, на пример, децата ќе научат правилно одвојување на отпадот, со играта „Изгубената сенка“, тие ќе научат за формите а во играта „Се сеќаваш ли на чудовиштето“, тие ќе ја вежбаат својата меморија. Но, тоа не е сè што ќе откријат, бидејќи има уште многу игри!

 

Посетете ја „Истражувачката лабораторија“ и поставете ги децата пред забавни предизвици за вистинско вежбање на мозокот. Дознајте за „Магичните илузии“ и видете како различните бои, шари и светлина понекогаш можат да го измамат нашиот мозок. Поттикнете го ширењето на доброто меѓу децата и членовите на семејството со предизвикот „Добри дела“ или научете повеќе за овој прекрасен, див свет во квизот „Загрозени животни“.

Се сеќавате ли кога на почетокот рековме дека Junior Авантури е потполно безгрижна и безбедна детска онлајн платформа? Интегриравме љубезно потсетување за посетителите. Тоа ќе ги потсети на времето поминато пред мониторот по истекот на 30 и 60 минути. Ова ќе го направи користењето на интернет и компјутер од страна на децата навистина оптимално.

Што велат родителите?

Подолу можете да прочитате некои од реакциите на родителите (и децата) кои веќе го користат порталот Junior Авантури.

Прекрасни игри за забава за дечињата. Одлично исполнето слободно време со играње и едукација.

– Лука.А

Многу сме задоволни. Интересно и поучно. Баш уживавме во времето поминато со играње.

– Мустафа Б

Повеќе