За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Како да го завршиш летото со семејна авантура

Време за читање 1 min Сподели

Досадата знае да биде изговор за многу работи. Одење на шопинг, играње видео игри или гледање во мобилниот телефон. Но наместо да мислиш на играчки и технологија, пробај мисли што претставува технологијата. Зарем не е подобро да му покажеш на твоето дете нешто со вистинска вредност? Годинава летниот одмор може да го завршите на начин што нема лесно да го заборавите. Еве неколку предлози.

Отпатувајте низ семејната историја

Заборави на црно-белите албуми од луѓе кои твоето дете не ги познава. Покажи му од каде доаѓа твоето семејство! Секогаш има некои места и луѓе кои не сте ги виделе. Земи го телефонот, контактирај далечна роднина која ја немаш видено одамна, направи вкусни сендвичи со пилешката паштета на Аргета и подготвени сте за едно забавно патување!

Покажи му како се забавуваше ти на негова возраст

Не дозволувај твоето дете да го поминува секој момент од денот гледајќи во компјутерскиот екран. Покажи му како деновите може да бидат пријатни и забавни без дигиталните уреди. Земи шпил карти, стари друштвени игри, листови харија и моливи и покажи му што правеше ти за забава кога беше на негова возраст. Играјте стари игри, пробајте скокање на јаже или изградете куќа на дрво.

И науката знае да биде забавна

Твоето дете веројатно вели дека науката е досадна, така? Докажи му дека греши и однеси го во научниот клуб за деца “Експлорариум” во Скопје. Од кај знаеш, можеби едвај ќе дочека да се врати на училиште после таа посета. Потоа однеси го во Зоолошка градина Скопје да се запознае со животните.

Без разлика која опција ќе ја изберете, ќе ви биде многу забавно. Никогаш не можеш да поминеш доволно квалитетно време со твоето дете. Никогаш не можеш да му дадеш доволно неаборавни искуства и да создадете поинаква иднина заедно.

Повеќе