За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Кифлички

Време за подготовка: 2 часа и 15 минути Сподели

Дали некогаш сте ги гледале вкусните кифлички во пекара, запрашувајќи се како пекарите успеваат да направат толку убаво заоблено ремек-дело? И ако како поттик ви кажеме дека вашите домашни кифлички може да бидат уште подобри, ќе го прифатите ли предизвикот и ќе почнете да се подготвувате? Ќе ви бидат потребни нешто повеќе од два часа, но штом ќе ги извадите крцкавите кифлички од рерна, нема да можете да дочекате да ги намачкате со рибната или месната Аргета, паштета број 1 во Европа.

Состојки за околу 35 кифлички:

1 kg бело пченично брашно
14 g сув квасец (или 42 g свеж)
500 ml млеко
200 g коцки путер на собна температура
50 ml масло
1 јајце
200 g јогурт
2 лажици шеќер
2 лажички сол

За премачкување:

1 јајце
3 лажици млеко

кифлички

Подготвување на квасецот:

1. Ако користите свеж квасец, прво подгответе го – во сад ставете 100 ml топло млеко и во него издробете свеж квасец и додајте 2 лажици шеќер. Оставете го да нарасне.

2. Ставете ги сите состојки во сад, освен путерот.

3. Ако користите сув квасец, едноставно додајте го во сувите состојки, инаку ставете го подготвениот додаток за квасец.

4. Измешајте ги состојките, а потоа замесете тесто. За месење препорачуваме да користите кујнски миксер со додаток за месење.

5. Една по една, месете ги меките коцки путер во тестото.

6. Месете го тестото додека да стане еластично и мазно.

7. Покријте го садот со капа за туширање или влажна крпа и ставете го на топлиот дел од кујната.

8. Оставете го тестото да нарасне за да се удвои количеството – околу 1 час и 30 минути.

кифлички

Обликување и печење на кифличките:

1. Загрејте ја рерната на 200 °C.

2. Откако ќе нарасне тестото, нанесете го на набрашнета работна површина и со помош на вага поделете го на топчиња од 60-70 гр. Вкупно околу 35 топчиња.

3. Секое топче се расукува во една насока, по должината на кифличката, околу 15 cm.

4. Расуканото тесто обликувајте го во форма на кифличка.

5. Постапката повторете ја додека не се потроши целото тесто.

6. Кифличките ги собираме во два плеха за печење, на кои претходно е поставена хартија за печење.

кифлички

7. Во сад, измешајте го јајцето со 3 лажици млеко и премачкајте ги кифличките.

8. Печете ги во два наврата – секој по 13 – 15 минути на 200 ºC.

9. Откако ќе се изладат, чувајте ги во сад или кеса.

кифлички

Повеќе