За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Леб од тавче

Време за подготовка: 1 час и 40 минути Сподели

Кога ќе го извадите лебот од тавчето на крајот на процесот и кога ќе го премачкате со растопен путер, толку вкусно ќе замириса во кујната што ќе ви потечат лиги. Лебот од тавче толку убаво изгледа што ќе им остави впечаток не само на членовите на семејството, туку и на гостите, а неговиот вкус е повик за вашата омилена Аргета. Подготовката на лебот од тавче е толку едноставна што сигурно ќе се гордеете со себеси и со својот успех, затоа не двоумете се. Одвојте нешто помалку од два часа и уживајте.

Состојки за леб од тавче:

530 g бело пченично брашно
350 ml топла вода
2 лажици маслиново масло
1 лажица шеќер
7 g сув квасец
1,5 лажички сол

 Леб од тавче

Постапка:

1. Во поголем сад ставете 530 g брашно, 7 g сув квасец, 1 лажица шеќер и 1,5 лажички сол.

2. Во брашното направете дупка и внатре истурете 350 ml топла вода.

3. Измешајте сè, а потоа измесете го во садот за да се собере целото брашно.

4. Месете го тестото 10 минути за да биде мазно и еластично.

5. Најлесно ќе биде да користите кујнски робот со додаток за месење.

6. Садот се покрива со капа за туширање или со влажна крпа и се остава 30 минути на топло место.

 Леб од тавче

7. Обликувајте го тестото во леб така што ќе го соберете со прстите во една точка за да добиете погуста површина, а потоа превртете го и со дланките свртени нагоре повлечете го кон средината.

 Леб од тавче

8. Префрлете го лебот во тава од леано железо, премачкана со масло.

9. Покријте го и оставете го уште 30 минути за да нарасне.

10. За тоа време, загрејте ја рерната на 200 °C.

11. Направете крст на површината на лебот со жилет или остар нож, а потоа ставете ја тавата во загреана рерна.

 Леб од тавче

12. Печете го лебот од тавче 20-25 минути.

 Леб од тавче

13. Веднаш штом ќе го извадите од рерна, ставете го на решетка и премачкајте го со растопен путер.

 Леб од тавче

Повеќе