За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Лепиња

Сподели

Лепињата ја поврзуваме со деликатеси на скара, но одлична е и со Аргета (по ваш вкус). Зошто би купувале лепиња во продавница ако можете уште повкусни лепињи сами да направите? Сè што ви треба е брашно, квасец, сол, шеќер и масло. И нежни прсти, бидејќи кога го обликувате лебот, не треба да сте премногу груби за да не го истиснете воздухот од него. Ова ќе ги направи вашите домашни лепињи навистина примамливи.

Состојки за лепиња:

400 g бело пченично брашно
300 ml вода
7 g сув квасец (или 21 g свеж)
8 g сол (1 кафена лажичка)
1 лажичка шеќер
2 лажици масло

Лепиња

Постапка:

1. Ставете 400 g брашно во поголем сад и направете вдлабнатина во средината.

2. Во вдлабнатината ставете 7 g сув квасец, 1 полна лажичка сол и 1 лажичка шеќер и прелијте со масло и вода. Ако се користи свеж квасец, тој прво се дроби во вода.

3. Добро измешајте ги состојките со миксер за да добиете лепливо тесто. Оставете го да нарасне 30 минути на топло место без провев. Ако тестото не нараснало за тоа време, оставете го уште 10 минути.

4. Загрејте ја рерната на 250 °C.

Лепиња

5. На работната површина нанесете доволно брашно и на неа распоредете го тестото. Бидејќи тестото е лепливо, брзо работете го, со што е можно покус контакт со него.

6. Замесете го тестото и превртете го неколкупати и обликувајте го во леб.

7. Пресечете го лебот на половина, па секоја половина повторно преполовете ја за да добиете 4 приближно еднакви делови.

8. Секое парче тесто обликувајте го во топче, а потоа наредете ги на плех покриен со хартија за печење.

Лепиња

9. Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да нараснат 10 минути.

10. Притиснете го секое топче тесто со прстите за да добиете круг. Внимавајте да не бидете премногу групи за да не го истиснете воздухот.

11. Посипете брашно брз нив, а потоа со пластична или дрвена шпатула притиснете ја мрежичката во нив.

12. Лепињите покријте ги со кујнска крпа и ги оставаме да нараснат уште 10 минути.

13. Откријте ги и ставете ги во средината на загреаната рерна.

14. Лепињите печете ги 8-10 минути за убаво да се испечат, а последните две минути вклучете ја функцијата за скара, со полна моќ.

15. Лепчињата извадете ги од рерна, оставете ги на врел плех и покријте ги со крпа.

16. Така нека отстојат 10 минути.

Лепиња

15. Лепчињата извадете ги од рерна, оставете ги на врел плех и покријте ги со крпа.

16. Така нека отстојат 10 минути.

Lepinja

Повеќе