За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Наан

Време за подготовка: 1 час и 35 минути Сподели

Наан е плочест индиски леб кој е идеален за најразлични брзи закуски. Наан лебот е најдобар кога е свежо печен, бидејќи е топол, мек и вкусен, па токму тогаш е најдобриот момент со него да се почестите со вашата омилена Аргета. Подготвувањето на наан е многу лесно и штом тестото е готово, потребна ви е само уште една минута печење од секоја страна и вашата кујна ќе се претвори во индиска бајка. Дали веќе знаете која Аргета ќе ја намачкате на наан? Па, добар апетит!

Состојки за наан:

270 g бело пченично брашно
1 лажичка шеќер
120 ml вода
125 g обичен цврст јогурт
0,5 лажичка сол
1 лажици масло
7 g сув квасец

За печење и нанесување:

1 лажици масло
3 лажици путер

наан

Тесто:

1. Ставете ги брашното, шеќерот, солта и квасецот во сад. Промешајте.

2. Направете дупка во средината од смесата и во неа ставете масло, јогурт и вода.

3. Промешајте, потоа месете го тестото околу 7 минути.

4. Се препорачува користење на миксер за месење, бидејќи масата е доста леплива.

5. Садот со тестото покријте го со капа за туширање или влажна крпа и ставете го на топлиот место во кујната.

6. Оставете го тестото да нарасне 1 час.

наан

Обликување и печење:

1. Тестото превртете го на набрашнета површина и обликувајте го во лепче.

2. Преполовете го по должината, а по ширина пресечете го три пати за да добиете 8 приближно еднакви парчиња тесто.

3. Парчињата тесто, со дланки обликувајте ги во топчиња, така што со прсти ќе го повлечете тестото на сите страни во една точка, при што добивате згусната површина од топчето.

4. Во сад подгответе 3 лажици путер и стопете го во микробранова печка.

5. Тавче со дебело дно ставете на средна температура и добро загрејте го.

6. Секое топче расукајте го во многу тенок диск.

7. Дисковите тесто се печат во тавата од секоја страна додека не добијат темно кафени дамки – околу една минута.

наан

8. Наан парчињата се ставаат на чинија наредени едно по друго и одозгора над секое парче, веднаш по печењето, се премачкува со растопен путер.

наан

Повеќе