За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Пециво од леб со сос од ванила

Сподели

Се повеќе, сувиот леб добива ново руво! Никогаш нема да помислите дека во сочното пециво со деликатен вкус на цимет и одлична текстура се крие сув неупотреблив леб.

Овој богат десерт е совршен кога сакаме со малку труд да задоволиме група љубители на благо. Крем-сосот од ванила е како точката на i.

Пециво од леб:

  • 400 g сув леб
  • 3 јајца
  • 200 g шеќер
  • 600 ml млеко
  • 1 лажичка цимет
  • 60 g путер
  • 2 раце полни со суво грозје

Сос од ванила:

  • 250 ml млеко
  • 3 жолчки
  • 1 стапче ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица нишесте

Пециво од леб:

1. Загреете ја рерната на 180 ˙C.
2. Исечете го лебот на коцки, ставете ги во тава за печење и фрлете суво грозје врз нив.
3. Стопете го путерот и измешајте ги со електричен миксер јајцата, шеќерот, млекото и циметот.
Истурете ја добиената смеса врз коцките од леб во тавата за печење.
4. Ставете ја тавата за печење со лебот во рерната и оставете ја 45-55 минути.

Сос од ванила:

1. Истурете го млекото во тенџере и изгребете го семето од стапчето ванила и ставете го и стапчето.
2. Ставете го тенџерето на оган за да се свари. Тргнете го на страта и извадете го стапчето ванила.
3. Во посебен сад, измешајте ги жолчките и шеќерот. Смесата од жолчки се меша со млеко, а притоа постојано се мати со маталка за јајца.
4. Вратето го тенџерето на оган на средна температура.
5. Измешајте го нишестето со три лажици студено млеко, а потоа изматете го со смесата од ванила.
6. Мешаме се додека не се згусти сосот од ванилаi.

Послужете го пецивото од леб додека е сеуште топло, а пред да го послужите, потурете го со топол ванила сос и ставете цимет.

Повеќе