За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Пица од леб

Сподели

Ароматичниот пица-леб е одличен начин д асе искористи стариот и сув леб и од него да се направи убав оброк кој е совршен за вечерни дружби.

За да го трансформираме сувиот леб, го сечеме и го напрскуваме со млеко, а потоа го редиме како пица со се што имаме. Токму затоа е добро да се направи ваква пица кога го чистиме фрижидерот. За оваа верзија на пица ќе направиме класична – со домати, моцарела, босилек, и чадена пршута.

Состојки:

  • сув леб
  • млеко
  • чери-домати
  • чадена пршута
  • моцарела
  • босилек
  • пармезан
  • маслиново масло

Постапка:

1. Рерната загрејте ја на 200 °C.
2. Исечете го лебот на еднакво големи парчиња.
3. Испрскајте го секое парче леб со млеко. Количеството на млеко ќе зависи од тоа колку е стар и сув лебот. Ако претераме со млекото, лебот нема да биде крцкав, туку влажен.

4. На тава за печење размачкајте 2 лажици масло.
5. Наредете ги парчињата леб во тавата, едни до други. Наместо тестото, тоа ќе биде основата на нашата пица.
6. Чери-доматите исечете ги на половина и изгмечете ги.
7. Ставете ги изгмечените чери-домати на парчињата леб.

8. Искинете ја чадената пршута и ставете ја врз доматите.
9. Сега, на ред е моцарелата, која ја сецкаме врз пицата.
10. На пицата рендаме пармезан и дробиме ливчиња босилек.
11. Пицата од леб се пече 20 минути.

Добрата страна на оваа пица е тоа што не треба да ја сечете за да ја поделите. Едноставно, кинете парчиња од лебот трансформиран на највкусен начин.

Повеќе