За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Различни земји, различни закуски.: Босна и Херцеговина

Време за читање 2 min Сподели

Кога одиме на кулинарско патување низ Босна, не можеме да ги одминеме вистинските босански лепињи. И не, лепињата не одат само со ќебапчиња, нив може да ги употребиме и поинаку. Ние ги потпековме, ги премачкавме со паштета и одозгора ставивме сладок пржен црвен кромид и кисели краставички.

Лепињи со кисели краставички

Состојки:

  • 1 Argeta кокошкина паштета
  • црвена пиперка во прав (чадена)
  • 1 црвен кромид
  • лепиња
  • маснотија
  • сол
  • 1 лажичка шеќер

Состојки за кисели краставички:

  • 1-2 краставици
  • 100 мл оцет
  • 500-600 мл вода
  • сол
  • копар
  • 4 зрна бибер

Лепињата ја сечеме на парчиња (може и да ја потпечеме), ја премачкуваме со паштета, посипуваме со црвена мелена пиперка и одозгора ставаме кисели краставички или пржен кромид.

Кисели краставички: во литарска стаклена тегла наливаме мешавина од оцет и вода во сооднос 1-5. Додаваме 1 лажичка сол, бибер, 2 гранчиња копар и краставици, кои ги сечеме по должината. Теглата ја покриваме со чинија и оставаме краставиците да ферментираат на сонце 2 дена.

Кромидот го сечеме на кругови и на малку маснотија го пржиме, додека не добие светложолта боја. Солиме помеѓу. На крај додаваме шеќер и пржиме уште малку. Ги ладиме и на лепињите премачкани со паштета одозгора ставаме кромид.

И сега ти си на ред. Покажи ни како успеа да ја вклучиш паштетата Argeta во твоите рецепти и не заборави да користите #Argeta. На работа!

Повеќе