За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Ѓаволски јајца со тартуфи

Различни земји, различни закуски: Xрватска

Време за читање 1,5 min Сподели

Ако во едно јадење комбинираме тартуфи и аспарагус од Истра и пршута од Далмација, нема шанси да не добиеме одлично јадење - ѓаволски јајца. Јадењето е погодно за послужување на најизбирливите гости.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 1 Argeta кокошкина паштета
  • аспарагус
  • тартуф
  • пршута
  • сол
  • бибер

Јајцата тврдо ги вариме, ги ладиме и ги лупиме. Ги сечеме на половини.
Ги вадиме жолчките, додаваме паштета, зачинуваме и додаваме рендан тартуф. Сѐ заедно добро мешаме додека не добиеме крем-смеса. Со помош на кеси за украсување, го вбризгуваме кремот во белките половини. Јајцата ги украсуваме со аспарагус и со пршута.

И сега ти си на ред. Покажи ни како успеа да ја вклучиш паштетата Argeta во твоите рецепти и не заборави да користите #Argeta. На работа!

Повеќе