За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Крцкав леб

Време на подготовка 1 час и 20 минути Сподели

Зар не е најголемо задоволство да се касне крцкав леб? Напукнувањето и кршењето на крцкавиот леб претставува посебен момент. Но, и одличен вкус, бидејќи омилената Аргета, рибна и месна паштета бр. 1 во Европа, одлично се вклопува во друштвото на овесни снегулки и тиква, како и сусамот, сончогледот и лененото семе.

Подготовката е едноставна, а самото печење трае околу 45 минути. Не двоумете се и почнете да печете крцкави лепчиња, бидејќи подоцна, со секој залак задоволство, вашиот труд сигурно ќе биде награден.

Состојки

100 g ‘ржано брашно
80 g лесни овесни снегулки
60 g сусам
50 g семки од тиква
50 g семки од сончоглед
30 g ленено семе
1 лажица мед
0,5 лажичка сол
300 ml врела вода

Рецепт за крцкав леб

Постапка

1. Загрејте ја рерната на 160 ºC.

2. Измешајте го медот во топла вода со мешање.

3. Во водата ставете ги брашното, овесните снегулки, сите семиња и солта.

4. Состојките ги мешаме и ги оставаме да отстојат 15 минути за да се натопат со вода.

5. Голем плех се обложува со хартија за печење и тенко се нанесува смесата.

6. Лебот се пече 15 минути на 160 °C.

7. Плехот се става на пулт и лебот се сече на квадратни плочки.

8. Крцкавиот леб се пече уште 45 минути на 160 ºC.

Рецепт за крцкав леб Argeta

Повеќе