За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Совршена кутија за ручек за децата

Време за читање 1 min Сподели

Без оглед дали е за долг ден во училиште, за попладне исполнето со воннаставни активности или само во план е кратко патување со семејството, еве еден вкусен, брз и едноставен рецепт за совршена кутија за ручек.

Состојки:

  • Земичка од брашно со цели зрна
  • Паштета Argeta Junior original
  • Моцарела
  • Домати
  • Шери-домати
  • Бејби-спанаќ
  • Сезонско овошје

Како?

Земичката од брашно со цели зрна треба да се пресече на половина и да се намачкаат парчињата со паштета Argeta Junior original. Потоа парчињата земичка да се гарнираат со бејби-спанаќ и со резанки шери-домати.

Парчињата земичка се притискаат во сендвич и готовиот сендвич се става во кутијата за ручек.

Моцарелата и доматите се сечат на резанки и се редат едни врз други во кутијата за ручек. По желба, на резанките се става малку маслиново масло или сок од лимон.

Во кутијата се додава едно или две парчиња сезонско овошје и детето е подготвено да тргне.

Повеќе