За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Суштински елемент за спортска торба: Планинарење

Време за читање 6 min Сподели

Добро друштво, свеж воздух и поглед колку што ти допира окото. Токму тоа може да го овозможи планинарењето и токму затоа бројот на луѓето што ги привлекува овој спорт е сѐ поголем.

Ако само до пред две-три децении планините биле резервирани за страсните планинари, планинарењето како што го знаеме денес е еден од најпристапните и најкорисни спортови во кои може да се нурнете. Опремата за планинарење е релативно евтина, локациите за планинарење се лесно пристапни, планинските патеки, главно, добро се одржуваат и во случај нешто да тргне на лошо, го имаме луксузот да се потпреме на планинските спасувачи, кои се подготвени да ни притрчаат на помош.

Кога сето ова ќе се собере, има смисла зошто сме сведоци на наглото зголемување на популарноста на планинарењето. Релативно малиот ризик и големите придобивки од овој вид рекреација сега привлекуваат секакви видови луѓе.

Од индивидуални планинари, брачни двојки, пријатели, семејства и пензионери, до екстремни планинари и инстаграм-инфлуенсери. Уживањето на големи височини, на отворено навистина може да биде работа за секого. Дури иако не си наклонет кон долго, испотено пешачење угоре секако ќе доживееш одредено „je ne sais quoi“ откако ќе стигнеш до врвот, што ќе направи страдањето да избледи.

Среде овoj „планински публицитет“, важно е да не заборавиш дека планинарењето, сепак, е опасна активност, особено ако не се практикува правилно. Затоа седнавме со еден болничар и планински спасувач за да се обидеме да откриеме зошто сите премногу често погрешно ги пресметуваме нашите способности и тргнуваме на планинарење сосема неподготвени. Големите височини може да бидат безмилосни, што го докажува алармантното зголемување на интервенциите во планините.

Планирај однапред и остани безбеден

Значи, сакаш да одиш да планинариш и да останеш колку што е можно побезбеден? Планинските спасувачи имаат едногласен одговор – најди маршрута за планинарење што ќе ти одговара и не редуцирај ја опремата.

Една од главните причини за несреќите што се случуваат е лошата подготовка, а тоа обично се случува дури и пред да почне искачувањето. Амбициозните вљубеници во планините обично избираат тешки маршрути, кои завршуваат така што се премногу за нив од аспект на безбедноста.

Да кажеме дека за една маршрута за планинарење се потребни три часа до врвот. Тоа можеби не изгледа многу. Проклетство! Дури може да се случи некој да тргне на планинарење, а никогаш пред тоа да не стапнал на нерамен терен. На врвот доаѓаш исцрпен, имаш краток одмор, правиш селфи и се вртиш за да се вратиш долу. Но, тоа е делот од планинарењето кога работите обично почнуваат да одат надолу. Буквално.

Спуштањето е тешкиот дел од речиси секоја маршрута и затоа треба да се погрижиш да имаш доволно преостаната енергија за безбедно симнување. Внимавај. Повеќе од половина од сите повреди во планините се случуваат во текот на спуштањето и се резултат на неправилно одење, најчесто поради исцрпеност.

Денес многу луѓе ги користат каналите на социјалните медиуми за планирање на маршрутите за планинарење. Тоа е добар начин за добивање инспирација кога немаш идеја каде да одиш, но е и меч со две острици. На повеќето слики што ги гледаш не се прикажани тешкотиите на планинарењето. Поради тоа се случува повеќето почетници да се најдат во најопасни ситуации.

Затоа од најголемо значење е претходно целосно да го истражиш своето патување и да најдеш нешто што соодветствува на твоето ниво на подготвеност. Зборувај со други љубители на планинарењето, па дури ангажирај и планински водич ако немаш соодветно искуство сам да се искачиш на некој врв. Почни од малку и надградувај се оттаму.

Подготви се и паметно спакувај се

Значи, најдовме маршрута што ти одговара, но немаме поим како да се подготвиме за големото надвор.

Првата работа што ни е потребна е добар пар чевли за пешачење – тоа веројатно е најважното парче опрема што ти е потребно за справување со планините. Тие се твојата единствена точка на контакт со земјата, па затоа не плаши се да потрошиш малку повеќе на удобен пар чевли што ќе одговараат на сите твои потреби. Тие ќе бидат твој придружник бр. 1 во претстојните години.

Чевлите „approach“ се многу популарни во последниве неколку години, но треба да се спомне дека додека не станеш сигурен планинар, со нив ќе бидеш во голема опасност од истегнување на зглобовите кога веќе ќе бидеш изморен.

Следното што ти е потребно е шлем. Карпи што паѓаат не се реткост, а шлемот прави чуда ако случајно некоја те удри по глава. Тоа не треба да биде ништо луксузно, дури и кацигата за велосипед ќе биде подобар од ништо.

Животот може да ти го спасат и стаповите за пешачење. Тие може да ти го намалат товарот врз стапалата, а дејствуваат и како дополнителна точка на контактот со земјата. Тие се нешто за кое ќе утврдиш дека се исклучително корисни при спуштањето. Кога одиш по via ferrata, внимавај со себе да понесеш комплет опрема за via ferrata и пар ракавици ако не сакаш да добиеш плускавци.

Сега кога ги средивме главата и стапалата, можеме да се фокусираме на облеката. Во основа, потребно ни е нешто удобно што не ни го ограничува движењето. Добра е и облеката од стреч, облека што ја одбива влагата и брзо се суши, бидејќи таа го прави планинарењето попријатно. Внимавај секогаш да понесеш шапка, ракавици и нешто што го одбива ветерот бидејќи врвовите на планините може да бидат ветровити преку цела година.

За дневни искачувања, доволен ќе биде ранец од 20 l до 35 l. Тој има доволно простор за основната планинарска опрема (комплет за Прва помош, термално ќебе или вреќа за спиење и запалка) плус за храна и пијалаци, како и за јакна за ветер.

Кога станува збор за храната и пијалакот, секогаш понеси повеќе отколку што мислиш дека ќе ти биде доволно бидејќи на крај ќе изедеш и испиеш сѐ што си понел. Планинарењето е напорна активност и во секое време треба да имаш резерви на енергетска храна. Спакувај „планинарски микс“ за ужина заради добивање енергија попат и леб од цели зрна и паштета Argeta за вкусен ручек додека одмораш. Исто така, одлично е со себе да имаш и енергетски барови што ќе ги консумираш кога ќе почувствуваш замор. Течноста е тешка за носење, но нема далеку да стигнеш без неа. Внимавај да понесеш соодветно количество вода бидејќи цело време мора да бидеш хидриран.

Исто така, понеси мало кесе во кое ќе ги пакуваш своите отпадоци. Планините не се организам што сам се чисти и кон луѓето што помагаат тие да блескаат во нивното најубаво светло постои чувство на голема почит. Не поминувај покрај отпадоците оставени од други. Собери ги и фрли ги соодветно. Идните генерации ќе ти бидат благодарни за тоа.

Планините повикуваат?

Нашата опрема е спакувана, ужините ни се безбедно складирани, чевлите за искачување ни се на нозете и подготвен ни е планот. Дали сме подготвени за одење? Сѐ уште не, има уште некои работи што секогаш треба да ги направиме во последната минута.

Треба да ја провериме временската прогноза за да не нѐ изненади ненадејната промена на времето. Пожелно е луѓето да знаат каде одиме. Едноставно, заради безбедноста. Исто така, треба да се погрижиме батеријата од телефонот да ни биде 100% полна. Веројатно нема да треба да побараме помош, но ќе треба да провериме дали вечерата е готова кога ќе се враќаме дома.

Повеќе