За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Ужина за плажа со Argeta

Време за читање 2 min Сподели

Детска смеа, замоци од песок, отсјај од морето и добра книга во сенката на борот. Дали деновиве и ти ги ловиш последните моменти покрај морето? Може да го исклучиш мозокот, знаејќи дека во торбата за ладење те чека забавна ужина, ужина чија подготовка воопшто не ти одзела време.

Пиратски поздрави

Состојки:

  • Argeta Junior Original
  • тостиран леб
  • домати чери
  • моркови
  • пченка од кочан
  • избран зеленчук
  • боровинки
  • диња

Како?

Свари ја или испечи ја на тава пченката од кочан и зачини ја по свој вкус. Исечи ги овошјето и зеленчукот на мали парчиња. Стави ги парчињата овошје и зеленчук заедно со сите други состојки во торбата за ладење. Не заборавај да понесеш и калапи за колачи.

Кога ќе дојдеш на плажата, дај им на децата да се забавуваат со калапите за колачи и со тостираниот леб. Кога ќе завршат со дизајнирањето на нивните единствени лепчиња, дај им да ги намачкаат тостовите со најдобрата паштета што може да се купи во продавница и да ги гарнираат со претходно исечениот зеленчук.

Риба на јадица

Состојки:

  • Argeta Tuna Pâté
  • грисини
  • краставици
  • моркови
  • пршута
  • грозје

Како?

Исечи ги морковот и краставиците на парчиња, измиј го грозјето и земи ја својата омилена пршута. Да, тоа е тоа, сè што треба да направиш сега е да ги спакуваш состојките во торбата за ладење, да најдеш место под сенка на плажата и да се олабавиш. Употреби ја паштетата од туна како макало за краставиците и морковите, гризни од пршутата и освежи го своето сетило за вкус со грозјето.

Свиткано сонце

Состојки:

  • Argeta Chicken Pâté
  • црвена, жолта и зелена пиперка
  • магдонос
  • краставици
  • тортили
  • остатоци од пилешко од ручек – по избор

Како?

Намачкај ја тортилата со најдобрата паштета што може да се купи во продавница, додај парчиња пиперки и краставица и украси ја со магдонос. Свиткај ја тортилата и исечи ја на парчиња, стави ја во торбата за ладење и оди на плажа.

Повеќе