За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Јадења со костени – The SpreadLOVE way

Време за читање 2 min Сподели

За пријатно дружење со пријателите во есенскиот период, потребни ти се две работи: добра волја и вкусна закуска. И за нашата есенско обоена вкусна закуска не ни треба голема вештина или готвачко знаење, ниту многу време за приготвување, затоа што ја приготвуваме патем.

Со оглед на тоа дека есента е едно од поубавите и попријатни годишни времиња за семејни прошетки, се одлучивме за најпрепознатливата есенска состојка – костен. Веќе сварени костени може да купиме во продавница, но многу е подобро ако го здружиме пријатното со корисното и набереме костени на семејна прошетка во шумата. По успешното пробивање низ грмушките и доаѓањето дома, костените само треба да се сварат и да се додадат неколку вкусни состојки за најдобрата есенска закуска. Самите костени се варат околу 1 час.

Костени завиткани во пршута

Состојки и постапка:

  • Argeta кокошкин намаз
  • одбрани крекери
  • варени костени
  • Пршута

Упатства за приготвување:
Крекерот го премачкуваме со кокошкин намаз и одозгора ставаме цел варен костен, кој претходно добро сме го завиткале во парче пршута.

Ако ни останат уште варени костени, едноставно може да ги згмечиме со малку Argeta намаз во крем, кој со помош на кеса за декорирање го ставаме на двопек или на крекери со сирење. Кремот може да го употребиме и за макање со грисини.

Костените одлично одат заедно и со пилешко месо. На пример, на остатокот печено пилешко месо додаваме малку паштета, малку варен костен и сето тоа заедно го мешаме во богат пилешки крем, кој повторно може да го ставиме на крекери, во солени корпички, на потпечени лепчиња, двопек или да го макаме со грисини.

Набра костени, го погледна нашиот рецепт, сега останува само уште покана за твоите пријатели. Единствениот трик на овој рецепт е дека не смееме да го пропуштиме есенското време богато со костени.

Како се дружеше со своите пријатели и како ги употреби костените во рецептот, сподели со нас на социјалните мрежи со #Argeta, а најдобрата објава секако ќе добие мало изненадување. 😉

Повеќе