За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Друштвени игри, изработени дома

Сподели

За добра забава во овие времиња, смисливме неколку идеи за друштвени игри кои можеш да ги направиш сам од сосема обични предмети кои сигурно ги имаш дома. Подготви хартија, боички, нижички, лепило и разбуди ја својата креативност – време е за игра!

Во деновите кога сме заедно дома, добро е да се посветиме на себе си и да ги направиме работите за кои сме немале време порано. Уште подобро, ова време поминато со нашите најсакани можеме да го искористиме на најзабавен, креативен и во исто време малку едукативен начин.

Еден начин да се помине времето е да е да се играат друштвени игри. Цели 5,000 години тие не засмејуваат и ни носат радост, а најмногу од се, тие ни помагаат да заборавиме на работите кои се случуваат околу нас, барем за момент.

За добра забава во овие времиња, смисливме неколку идеи за друштвени игри кои можеш да ги направиш сам од сосема обични предмети кои сигурно ги имаш дома. Подготви хартија, боички, нижички, лепило и разбуди ја својата креативност – време е за игра!

ЛУДО ДРУШТВЕНА ИГРА

Лудо е една од напопуларните друштвени игри, за најмногу четворица играчи. Покажи што можеш во непредвидливи ситуации и колку брзо можеш да ги однесеш сите свои фигури на сигурно.

Што ти треба?

За да направиш домашна верзија на Лудо играта, ти треба:

  • картон од која било големина,
  • различни боички, ножички и лепило,
  • фигури,
  • коцка.

 

Како се прави играта?

За да ја направиш играта ќе ти треба картон или друга тврда основа, од која било големина. Најлесен начин е да исечеш една или две поголеми страни од кутија од житарки и да ги залепиш заедно. Исто така, можеш да користиш тврда хартија, кутија за чевли, тврда хартиена ќеса, кутија за пакување и сл.

Кога ќе ја подготвиш основата, земи боички или фломастери и покажи ја својата имагинација на дело. Нацртај „куќа со четири кругчиња“ на секој агол. Можеш да користиш и хартија за колаж, водени боички или да испечатиш фотографии. Секоја куќа треба да биде во различна боја. Потоа, земи молив и нацртај ја патеката за играње. Патеката мора да помине покрај сите нацртани куќи, притоа должината на патеката помеѓу секоја куќа мора да е иста.  Патеката за играње најчесто е нацртана во форма на кругчиња на кои треба да се движат фигурите. Користи линијар, компас или едноставно користи тркалезен предмет за да ја нацрташ патеката за играње.

Таму кај што патеката за играње е најблиску до куќичките, нацртај уште 4 „места за паркирање”, каде што играчите ќе ги партираат своите фигури штом ја поминат целата патека. Овие паркинг места мора да бидат во иста боја како и нивните соодветни куќички.

Можеш да користиш предмети што ги имаш дома наместо фигури. Само гледај секои четири да се слични. Можеш да користиш фигури од други игри, да обоиш сирови макарони во соодветните бои или да користиш копчиња, капачиња или стари монети. Но, ако твојата креативност не се задоволува толку лесно, можеш и сам да направиш фигури од хартија, пластелин или сл.

Можеш да направиш коцка од обична хартија или картон. За да го направиш тоа, нацртај шема од 6 еднакви квадрати во форма на буквата Т. Постави три квадрати хоризонтално и три квадрати вертикално. Потоа, исечи ја целата шема, но само по надворешните линии, нацртај точки на неа и преклопи ја кај внатрешните линии. Кога ќе ги ставаш точките, запомни дека точките на две спротивни страни на коцката секогаш мораат да даваат збир од 7.

Коцката можеш да ја замениш со виртуелна коцка. Постојат многу апликации онлајн кои служат за врлање коцки.

Направи ја играта уште поинтересна, така што ќе смислиш свои правила. На пример, доколку на играчот му се падне бројот 6, треба да мрдне 6 полиња назад или да се врати и почне од почеток. Можеш да нацрташ и препреки на патеката кај кои играчот може да се врати во игра само ако фрли конкретна бројка на коцката. Ти посакуваме многу забава и уживање во правењето и играњето на твојата игра.

ИГРА СО КАРТИ – ЦРН ПЕТАР

Црн Петар е една од најпознатите игри со карти и многумина од нас сигурно ја имаат играно во своето детство, најчесто со нашите баби и дедовци.

 

Потребни материјали

За да ги подготвите картите за играње, потребни ви се:

∙ хартија,

∙ моливи во боја,

∙ ножици,

∙ линијар.

 

Процес на изработка на картите за играње

Црн Петар е игра што вообичаено се игра со сет од 31 карта. Да, тоа се многу карти. Но, не грижете се, затоа што вие сте креатори на вашата верзија на играта и самите го одредувате бројот на карти, само внимавајте тоа да биде непарен број.

Најпрвин, земете парче хартија (подобро е доколку користите поцврста хартија, но исто така можете да залепите обична хартија на поцврста површина, како што е картонска амбалажа) и исцртајте контури околу картите за играње со молив и линијар. Оптималната ширина на картите е 6 сантиметри, а висината е 9 сантиметри. Кога ќе завршите со цртање на контурите, исечете ја секоја карта внимателно и прецизно.

Сега е време да ја покажете вашата креативност. На секоја карта треба да има илустрација, но бидејќи станува збор за игра во парови, две карти мора да имаат иста илустрација. Можете да нацртате било што на картите – животни, возила, предмети од вашата соба, вселенски суштества, храна, цвеќиња, овошје, знамиња на држави…

На крајот, ќе ви остане една карта што нема да има пар. Оваа карта е Црн Петар. Илустрацијата на оваа карта мора да биде сосема различна од сите карти кои досега ги нацртавте, а црната треба да биде доминантна боја. Како мислите дека изгледа Црн Петар? Споделете ни ги вашите уметнички дела, ние едвај чекаме да ја видиме вашата креативност!

ИГРА СО БОРБЕНИ БРОДОВИ

Тестирајте се во една од најзабавните стратегиски игри која возбудува играчи од сите возрасти.

 

Потребни материјали

За да ја направите играта, потребни ви се:

∙ тетратка со квадратчиња или обична тетратка,

∙ моливи во боја,

∙ линијар.

 

Процес на изработка на играта

За да играте Battleships, треба да нацртате две главни полиња за играње (истото треба да го сторите и за вашиот противник) со распоред во мрежа од 8 x 8 квадрати. Најлесен начин е да користите тетратка со квадратчиња, но доколку немате, можете да ги нацртате квадратчињата со помош на линијар. Секое поле може да биде со која било големина, но препорачуваме 1 x 1 сантиметар.

Откако ќе ги нацртате полињата, обележете ги редовите со броеви од 1 до 8, а колоните со првите осум букви од азбуката. Осигурете се дека и полињата на противникот се исто означени.

Ако немате доволно хартија, можете да нацртате полиња на двете страни на тетратката, која ќе ја ставите пред вас како лаптоп.

Нацртајте ги вашите бродови на првото поле за играње. Можете да ги поставите хоризонтално или вертикално, со тоа што секој брод треба зафаќа одреден број на полиња.
Треба да нацрташ:

∙ 1 воен брод (зафаќа 5 полиња),

∙ 1 крстосувач (секој зафаќа 4 полиња),

∙ 2 фрегати (секоја зафаќа 3 полиња),

∙ 3 собирачи на мини (секој зафаќа 2 полиња).

Второто поле за играње ќе ви помогне да ги следите вашите погодоци на непријателските бродови. Со црвена боја ќе ги означувате полињата каде што сте го погодиле бродот на противникот, а со сина боја оние полиња каде вашиот удар завршил во вода.

НЕКА ЗАПОЧНАТ ИГРИТЕ!

Повеќе