Лебот е една од највкусните работи, но и една од работите кои оставаат лоши последици ако го јадеме премногу. Но, секој леб не е ист! Ако некогаш сте биле на диета и јадењето леб не било дел од диетата, сега тоа апсолутно не е така. LCHF-лебот е одлична замена за обичниот леб, со многу помалку јаглехидрати - и многу помалку грижа на совест 😊. Здрав е, заситува, но е и многу вкусен.
Овој рецепт е најблиску што може до лебот без јаглехидрати, односно леб без јаглени хидрати, но со крцкава кора и мека средина. Сепак, најдобро е тоа што LCHF-лебот обилно заситува, бидејќи е полн со протеин и влакна.
Повеќето LCHF-лебови многу се ронат, бидејќи не содржат состојки кои врзуваат глутен. Лебот направен по овој рецепт е – како вистински леб 😊! Намачкан со Аргета покажува одлични вредности на LCHF или кето семафорот!
Состојки за LCHF-лебот
200 g ленено семе
50 g сусам
100 g бадеми
2 лажички прашок за пециво
1 лажичка сол
50 g мешани семиња
1 лажица индиски трошки
50 g путер
100 g кисела павлака
6 јајца
250 g урда
Постапка
1. Загрејте ја рерната на 175 °C.
2. Лененото семе, сусамот и бадемите ставете ги во миксер и ситно сомелете ги.
3. Додајте мешани семиња, индиски трошки, прашокот за пециво и сол.

4. Растопете го путерот и измешајте го со павлаката, јајцата и урдата.
5. Сувите состојки се мешаат со влажните.

6. Добиената смеса ставете ја во пекач за леб долг 25 cm, во кој претходно ставивте хартијата за печење.

7. Печете го лебот 60-75 минути на 175 ° C
