За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Едноставен рецепт за леб без глутен

ВРЕМЕ ЗА ЧИТАЊЕ 3 min Сподели

Иако главната разлика меѓу лебот без глутен и другиот леб е во самото брашно без глутен, добриот рецепт е секогаш важен, бидејќи таквиот леб бара малку поинаква подготовка.

За оние кои забележуваат знаци на надуеност или имаат проблеми со варењето по јадење глутенски оброк, подготвивме едноставен рецепт за леб без глутен. Додадовме мешавина од семки, бидејќи тие ја подорбуваат хранливата вредност. На пример, семките од тиква се богати со витамин Е, лененото семе е богат извор на омега-3 масни киселини, а семките од сончоглед се одличен извор на витамин Е и на линолеинска киселина. Вашата омилена Аргета можете безгрижно да ја нанесете на лебот без глутен, бидејќи се подготвува по рецепт БЕЗ (ослободено од) – без конзерванси, без вештачки бои, без вештачки засилувачи на вкус и без глутен.

Состојки на лебот без глутен

600 g безглутенско брашно
480 ml млака вода
8-10 g сол
60 ml сончогледово масло
10 g сув квасец

За кора од семки

1 јајце
2 лажици млеко
мешавина од семки

Постапка

1. Ставете ги сите состојки во сад за обработка на храна.

Recept za leb bez gluten

 

2. Мешајте 30 секунди на тивко, а потоа уште 5 минути на силно.

3. Во модла за леб долг 25 cm, поставете парче хартија за печење, ставете го тестото во неа и израмнете го.

4. Покријте го садот со фолија и оставете го на топло 1 час за да стаса тестото.

5. Загрејте ја рерната на 200 °C.

6. Изматете го јајцето со 2 лажици млеко за премачкување на површината на лебот. Мешавината семки посипете ја врз неа.

Рецепт за леб без глутен

 

7. Ја ставаме модлата во рерна, а на дното од рерната се става огноотпорен сад со 3 dl врела вода.

8. Лебот се пече 40 минути, а 10 минути пред крајот внимателно се вади садот со вода од рерната.

 

9. Лебот без глутен се вади од модлата и се остава да се излади.

leb bez gluten argeta

Повеќе