За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Немесен леб

ВРЕМЕ ЗА ЧИТАЊЕ 3 min Сподели

Овој рецепт за немесен леб е совршен за секој оној кој сака неговиот дом да мириса на свежо лепче во недела, но не е љубител на станување во 4 наутро. И за оние кои претпочитаат самите да си го прават лебот.

За немесениот леб е важно да одлучите да го подготвите претходниот ден и да ги комбинирате основните состојки. Во рецептот вклучивме сув наместо свеж квасец за практичко секогаш да го имате дома. Се обложуваме дека немесениот леб ќе ви изгледа толку лесен што постојано ќе го правите, а вашето семејство толку многу ќе го сака што ќе им се чини дека станувате во 4 наутро. Се разбира, не заборавајте ја најважната состојка што посебно не сме ја споменале – љубовта. Со љубов направеното е особено вкусно. Па, ако на крај завршите со мачкање на вашата омилена Аргета, ќе биде навистина посебно.

Состојки на немесениот леб

450 g брашно од бела пченица
2 лажички сув квасец
2 лажички сол
375 ml топла вода

Рецепт за немесен леб

Подготовка на тестото

1. Во длабок сад помешајте ги брашното, солта и квасецот, а потоа дадајте топла вода и мешајте.

2. Тестото ќе биде мошне влажно и лепливо.

3. Покријте го садот добро и оставете го преку ноќ во фрижидерот.

4. Извадете го тестото од фрижидерот 1 час пред печење.

Дизајн

1. Половина час пред да нарасне загрејте ја рерната на 230 °C и ставете го во голем сад со капак.

2. Ставете го тестото на површина посеана со брашно, но не месете го, туку само свиткајте го неколупати со помош на шпатула движејќи се од страните кон средината.

3. Расукајте грутка тесто на хартија за печење.

4. Со дланките или со шпатула под тестото, грубо обликувајте ја топката во тркалезна форма.

5. Посипете ја со малку брашно.

Рецепт за немесен леб

6. Отстранете го капакот од садот и внимателно поставете ја хартијата за печење со тестото.
7. Покријте го садот добро и ставете го во рерната.

8. Печете го лебот 30 минути во покриен сад, потоа отстранете го капакот и печете уште 12-15 минути.

9. За време на печењето во затворен сад, не може да се ослободи поголемиот дел од пареата така што лебот убаво нараснува пред кората да се исуши и стврдне.

10. По отстранување на капакот, лебот добива убава златно кафена боја поради директната топлина.

11. Пред да го пресечете немесениот леб почекајте барем да се излади.
12. Останува уште да го изберете омилениот вкус на Аргета.

Рецепт за немесен леб Argeta

Повеќе