Пита-лебот веднаш ве асоцира на низа вкусни јадења што сакаме да ги служиме. Сечен на триаголници тој е одличен со хумус и секако - со Аргета! Лесно ќе го направите пита-лебот според овој рецепт и со задоволство ќе го јадете топол.
Состојки за пита-леб
250 g брашно од бела пченица
5 g сол
4 g сув квасец
160 ml топла вода
1 лажица маслиново масло

Тесто
1. Ставете ги брашното, квасецот и солта во поголем сад и измешајте.
2. Направете дупка во средината на брашното и истурете во него топла вода и маслиново масло.
3. Брзо измешајте ги состојките, така што брашното рамномерно да се вклопи во тестото.
4. Покријте го садот со влажна крпа и оставете го на топло место 1 час.

Обликување и печење
1. Сукајте го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во ролат.
2. Исечете го на 6 еднакви дела.
3. Од секој дел направете топчиња со прстите и дланките – во еден момент се собира тестото за да се истегнат топчињата.
4. Покријте ги топчињата со крпа и оставете ги да нараснат 30 минути.

5. Загрејте ја рерната на 240 ° C и во неа загрејте го пекачот за печење. Најдобро е да користите комбинација од топол воздух и жар.
6. Нежно израмнете го секое топче и обликувајте круг со дијаметар од 15 cm.
7. На загреаниот пекач внимателно ставете парче хартија за печење и во него ставете 3 круга тесто.
8. Печете го пита-лебот 4-6 минути на 240 ° C.
9. За време на печењето, пита-лебот ќе ја добие својата форма, типична за печење во фурна – ќе набабри како перница.
10. Пита-лебот се јаде и врел
