За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Шири ЉУБОВ со нешто интересно: СУДОКУ

5 минути Сподели

Си слушнала за судоку досега, нели? Веројатно дури и си играла неколкупати и ти се допаднало. Затоа ти подготвивме забавна активност за целото твое семејство! Оттргни ги своите деца од компјутерот, телефонот или од телевизорот и покажи им дека и аналогното може да биде „кул“.

Судоку е всушност единствената игра-сложувалка што се смета за добра превенција од развој на Алцхајмеровата болест и депресијата. Од неа има многу здравствени придобивки, всушност: ја подобрува меморијата, ја зголемува способноста да се концентрираш, поттикнува логичко размислување, ја намалува анксиозноста и уште многу други. Судоку е сложувалка вообичаено составена од 9 по 9 полиња, каде што треба да се пополнат броеви, но тие не треба да се повторуваат. Таа е исклучително лесна за учење и е навистина „заразна“. Судоку има само позитивни ефекти така што може веднаш да почнеш да работиш на тоа да си создадеш навика: дури може да ги вклучиш своите деца во целата забава, тоа е во ред!

За решавање сложувалки судоку не е потребна математика. Понекогаш, сложувалките судоку дури може да бидат со слики, букви или симболи, што е особено добро за дислексични деца и возрасни. Сѐ што ти е потребно е молив, веројатно гума и сложувалка судоку. Сигурни сме дека имаш барем неколку моливи дома, затоа отпечати ги сложувалките што сме ги подготвиле за тебе и за твоите деца и почни да ги решаваш.

Децата сакаат кога дома се случува нешто поинаку, а судоку е одличен начин да се помине еден час од неделното попладне. Менталните вежби може да бидат и истоштувачки, затоа погрижи се да имаш при рака парче леб со Argeta Junior за да може да се одржи концентрацијата. Прати фотографија на која ти и твоите деца решавате судоку и може да добиеш специјална награда!

Повеќе