Предизвиците ги претвораме во можности
Нашето општество и нашата планета се соочуваат со големи и важни предизвици. Свесни сме за потребните промени во екосистемот кои прехранбената индустрија мора итно да ги прифати. Свесни сме за важноста на здравата и квалитетна храна, како и за зголемениот интерес за исхрана од растително потекло. Свесни сме дека имаме моќ да им помогнеме на тие што имаат потреба.
Нашата улога е проактивно да се залагаме за иницијативите и активностите што ќе шират добро и ќе го подобруваат светот во сите области, за нас и за нашите потомци.
Обврските што произлегуваат од нашата програма за одржливост »Spread good« (Шири добро) ги поделивме на три клучни области.