Argeta Bread

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “АРГЕТА ПОДАРУВА, КЕШ ЖЕЛБИ ОСТВАРУВА!”

Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Северна Македонија бр.24/2011 и сите измени и дополненија, БД Група ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Вангел Дину бр.40А1-1, Скопје и ЕДБ 4080012528777 на ден 28.07.2025 г. ги донесе следните:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
“АРГЕТА ПОДАРУВА, КЕШ ЖЕЛБИ ОСТВАРУВА!”

ПРИРЕДУВАЧ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 1

Приредувач на наградната игра “Аргета подарува, кеш желби остварува!” (во понатамошниот текст: наградна игра) е Друштво за услуги БД Група ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Вангел Дину бр.40А/1-1, Скопје (во понатамошниот текст: Приредувач), во име и за сметка на Атлантиц Траде СКОПЈЕ ДОО Илинден, ул. 35 бр. 33, Илинден, Севeрна Македонија.

ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 2

Име на наградната игра е “Аргета подарува, кеш желби остварува!”.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Наградната игра “Аргета подарува, кеш желби остварува!” ќе трае 3 месеци започнувајќи од 01.09.2025 во 00:00:01 часот и ќе трае до 30.11.2025 во 23:59:59 часот.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 4

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија.

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 5

Целта на оваа наградна игра е рекламирање и промоција на производите на Аргета, односно Аргета паштети од 95 гр.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Член 6

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со навршени 18 години, жители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст “учесници”), кои ги прифаќаат условите на овие Правила: учесниците кои за време на наградната игра ќе купат вкупно 2 Аргета паштети од 95гр. и ќе го испратат бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување напишано на фискалната сметка (час, минута) преку СМС порака на телефонскиот број 14747 или преку Вибер каналот Argeta Makedonija од кој било мобилен оператор во државата.

Учесниците во наградната игра ќе можат да испраќаат пораки преку СМС или Вибер од 01.09.2025 година од 00:00:01 часот до 30.11.2025 година до 23:59:59 часот. Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и ја изразуваат својата согласност за прифаќање на истите.

НАЧИН НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Во наградната игра “Аргета подарува, кеш желби остварува!” може да се учествува преку испраќање на СМС порака на бројот 14747 или преку Вибер каналот Argeta Makedonija.

СМС пораката на бројот 14747 или преку Вибер каналот се испраќа на следниот начин: #број на фискална сметка (празно место) датум (ден.месец) (празно место) и времето на купување напишано на фискалната сметка (час:минута) на која се евидентирани купените производи на Аргета. Наведениот телефонски број важи за сите мобилни оператори во земјата, без користење на префикс (цената на CMC пораката изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ).


Секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купените производи да ја чува до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата.
Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, но со користење на различни фискални сметки. Секоја фискална сметка може да се користи само еднаш, без оглед на бројот на Аргета производи евидентирани на истата.

Сите CMC или Вибер пораки кои ќе бидат испратени во периодот од 01.09.2025 година од 00:00:01 часот до 30.11.2025 година до 23:59:59 часот учествуваат во наградната игра, додека сите СМС или Вибер пораки кои ќе бидат испратени пред започнувањето на наградната игра (пред 01.09.2025 година 00:00:01 часот), како и сите CMC или Вибер пораки кои ќе бидат испратени по завршувањето на наградната игра (по 30.11.2025 година по 23:59:59 часот), нема да учествуваат во извлекувањата на наградната игра.

Валидни ќе бидат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на времетраењето на Наградната игра согласно член 3 од овој правилник.


Сите испратени фискални сметки преку CMC пораки или преку Вибер, ќе бидат верификувани од страна на приредувачот на наградната игра. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор.

Повратните одговори се следните:

  • Кога учесникот праќа целосна/точна порака (број на фискалната сметка, датумот (ден, месец) и времето на купување напишано на фискалната (час,минута)), системот испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и дека треба да ја чува фискалната сметка за доказ доколку добие награда.

  • Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана и ќе содржи пример како треба да изгледа пораката.

  • Доколку бидат испратени податоци со претходно испратен број на издавање на фискалната сметка, датумот (ден, месец) и времето на купување напишано на фискалната (час, минута), системот испраќа одговор дека испратениот број е веќе искористен.

  • Доколку биде испратена порака во периодот пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор на на лицето што се обидело да се регистрира, дека наградната игра сè уште не е започната.

  • Доколку биде испратена порака во периодот по завршувањето на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра е завршена.

Секоја фискална сметка која ќе биде добитна, нема да учествува во понатамошните извлекувања.
Сите недобитни пораки важат во сите останати извлекувања до крајот на наградната игра до 30.11.2025 до 23:59:59 часот.

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 8

Вработените во БД Група ДООЕЛ Скопје, АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје и ДРУШТВО ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ВИРТУАЛ СЦ ДООЕЛ СКОПЈЕ, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 9

Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласнот од Министерство за финансии, учесниците во наградната игра ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра како и за нејзиното времетраење преку објавување на правилата на социјалните медиуми и на веб страницата nagradnaigra.argeta.com, телевизиски спот и преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети, постери, воблери, прајс-тагови, шелф-токери, палетни дисплеи).

НАГРАДЕН ФОНД

Член 10

Наградната игра располага со следниот фонд на награди:

  • Парична награда 1.000.000 денари

  • Парични награди од 50.000 денари

  • Парични награди од 25.000 денари

  • Парични награди од 10.000 денари

  • Пакет Аргета производи

Опис

Количина

Единечна цена со вклучен ДДВ

Вкупна цена со вклучен ДДВ

Главна парична награда

1

1.000.000,00

1.000.000,00

Неделна парична награда

12

50.000,00

600.000,00

Неделна парична

36

25.000,00

900.000,00

Неделна парична

60

10.000,00

600.000,00

Пакет Аргета производи

180

697,102

125.478

,00

Вкупно

3.225.478,00

Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 11

Наградната игра започнува на 01.09.2025 во 00:00:01 и ќе трае до 30.11.2025 во 23:59:59.

Еднаш неделно ќе се извлекуваат по 24 награди и тоа: неделни извлекувања (12 извлекувања) ќе се оддржат на следните датуми: 12.09, 19.09, 26.09, 03.10, 10.10, 17.10, 24.10, 31.10, 07.11, 14.11, 21.11 и 28.11.2025 во 13 часот и на секое извлекување ќе се доделуваат следниве награди:

  • 1 х Парична награда од 50.000 денари

  • 3 х Парични награда од 25.000 денари

  • 5 х Парични награда од 10.000 денари

  • 15 х Пакет Аргета производи

Главната награда:

  • Парична награда 1.000.000 денари

ќе се додели на последното извлекување (13-то извлекување) кое ќе се одржи на 03.12.2025 година во 15:30 часот, а ќе се пренесува во живо на канал 5 Телевизија. Во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите недобитни кодови испратени од почетокот на наградната игра до крајот на наградната игра (30.11.2025 до 23:59:59 часот).

Наградата Пакет Аргета производи содржи 14 паштети Аргета од 95 грама.

Добитниците ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратената порака од секој учесник. Софтверот за СМС пораки е иработен од: ДРУШТВО ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ВИРТУАЛ СЦ ДООЕЛ СКОПЈЕ, ул. “Бојмија бр.3/6к, Скопје.

Иизвлекувањата на наведените термини за неделни извлекувања ќе се вршат во просториите на ВИРТУАЛ СЦ ДООЕЛ СКОПЈЕ, на адреса ул. Бојмија бр.3/6, Скопје.

Извлекувањето на главната награда ќе се изврши во просториите на Канал 5 Телевизија.

Добитниците на наградите ќе бидат извлекувани поединечно по наведениот распоред. При извлекување на секој добитник, истовремено ќе бидат извлечени и резервни добитници за конкретната награда. Добитникот (добитниците) ќе биде известен на добитниот телефонски број преку СМС порака. Истиот треба да се јави со валидна фискална сметка во рок од 72 часа од добивањето на пораката во БД Група ДООЕЛ Скопје, (приредувач на наградната игра) на следниот телефонски број 02 3216-215 во работно време од 10:00-16:00 часот.

Доколку добитникот не се јави во предвидениот рок или не ги исполнува условите предвидени со овие Правила, наградата ќе се додели на резервниот добитник.

Доколку добитникот не поседува валидна фискална сметка во оригинал (копија на фискална сметка од маркет или извод од УЈП ќе се смета за невалидна), наградата ќе се додели на резервниот добитник. Доколку и резервниот добитник не поседува валидна фискална сметка и/или не ги исполнува барањата од овие Правила, соодветната награда нема да се додели.

Фискалната сметка треба да се чува како доказ за купениот производ и прикаже при подигање на наградата. Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците испратени во пораката која е извлечена како добитна.

Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за пораките што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.

Извлекувањата на добитниците на наградите ќе го контролира комисија составена од три члена: овластен претставник на БД Група ДООЕЛ Скопје, овластен претставник на Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје и овластен претставник на ВИРТУАЛ СЦ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Комисијата води записник во текот на извлекувањето.

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ И НАЧИН НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 12

Резултатите, односно телефонските броеви на добитниците со заштитен префикс ќе бидат објавени на веб страницата на наградната игра (nagradnaigra.argeta.com) во рок не повеќе од 3 дена од завршувањето на секое извлекување. Добитниците ќе бидат известени преку СМС порака на телефонскиот број со кој се имаат регистрирано. Истите треба да се јават во рок од 72 часа од добивањето на пораката во БД Група ДООЕЛ Скопје, (приредувач на наградната игра) на следниот телефонски број 02 3216-215, во работно време од 10:00-16:00 часот.

По утврдувањето на личните податоци (име, презиме, адреса и идентификација со лична карта) и увидот на фискалната сметка како доказ за добивката, организаторот наградата треба да ја испорача најдоцна 30 дена од денот на извлекувањето.

Паричните награди ќе бидат исплатени на лична трансакциска сметка на добитникот во било која банка на територијата на РС Македонија, во рок од 30 дена од денот на извлекувањето на соодветната награда, освен ако со овие правила не е поинаку предвидено. Со префрлување на износот на наградата на трансакциската сметка на добитникот, се смета дека Организаторот во целост ја исполнил својата обврска кон добитникот на наградата.

Стоковите награди ќе бидат испорачани на добитниците на адресата која ја доставиле до Приредувачот (нивна домашна адреса или некоја друга која добитникот ја оставил и назначил дека на таа адреса треба да се изврши доставата на наградата). Доколку добитникот не биде најден на соодветната адреса во време кое е договорено, се врши втор обид за достава на наградата. Крајниот рок за доставување и преземање на наградите до адреса на добитникот е 30 дена од денот на извлекувањето на соодветната награда, освен ако со овие правила не е поинаку предвидено.

При превземањето на наградите добитниците се должни да се идентификуваат со документ за лична идентификација, да ја предадат фискалната сметка со која учествувале во наградната игра и истата е извлечена како добитна, како и да потпишат изјава и/или записник за примопредавање/преземање на наградата. Во случај кога добитникот од било кој причина не е во состојба да ја подигне наградата лично, истата може да биде предадена на трето лице врз основа на заверено полномошно кај надлежен нотар потпишанано од страна на добитникот.

Лицето кое е одговорно за предавање на наградата ќе утврди дали податоците за лицето кое ја презема наградата соодветствуваат со податоците доставени до Приредувачот. Дополнително се прави увид во фискалната сметка и се проверува дали бројот на фискалната сметка и времето на купување назначени во фискалната сметка се поклопуваат со испратениот код со кој добитникот учествувал во играта како и дали на фискалната сметка е исполнет условот за учество во играта т.е да има минимум количина од две Аргета паштети од 95 грама. Фискалната сметка се предава на лицето одговорно за примопредавање на наградата.

Доколку се исполнети условите за примопредавање на наградата се потпишува изјава/записник за примопредавање на наградата кој треба, меѓудругото, да содржи опис на наградата, датум на примопредавање, податоци за лицето кое ја презема наградата (име, презиме, адреса и единствен матичен број само за добитниците на парични награди за кои се исплаќа персонален данок на доход) и потпис на добитникот (лицето кое ја презема наградата).

Приредувачот не може и нема да биде одговорен, доколку добитникот поради било која причина, не е достапен во период од 72 часа по неговото извлекување и информирање, по што тој/таа го губи правото на награда. Приредувачот нема да има дополнителни одговорности кон добитникот. Во овој случај Приредувачот пристапува кон контактирање на резервниот добитник.

ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 13

Приредувачот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на доход.

ПРИГОВОРИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Член 14

Незадоволниот учесник има право да поднесе писмен приговор до приредувачот на наградната игра, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на секој од добитниците и тоа на адреса ул. Вангел Дину бр. 40А/1-1, 1000 Скопје.

Приредувачот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.

ОДГОВОРНОСТ

Член 15

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.

Приредувачот не одговара за евентуалните штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ

Член 16

Од моментот на преземање на наградата, престануваат сите обврски на приредувачот кон добитникот на наградата.

ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 17

Наградната игра може да се прекине само во случај ако настапат околности за кои приредувачот на наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои приредувачот не можел да ги спречи, отстрани или избегне согласно член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри и по согласност и известување од страна на Министерството за финансии. Учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра ќе бидат известени по електронски пат или преку друг јавен медиум.

СОГЛАСНОСТ И СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 18

Во согласност со Правилата, односно со испраќање на СМС порака на бројот 14747 или преку Вибер, учесникот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на Приредувачот и/или Атлантиц Траде Скопје ДОО Илинден, a со цел за учество во наградната игра.

Во согласност со Правилата, доколку учесникот биде известен дека е добитник на некоја од наградите предмет на оваа наградна игра, истиот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани со цел остварување на легитимни цели односно законски обврски (име и презиме, адреса на живеење со улица и број, место и општина, место на престој, трансакциска сметка за добитниците на парични награди и ЕМБГ за доделување односно испорака на добиената награда).

Ова вклучува собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на личните податоци. Обработката и преносот на податоци од страна на Приредувачот на наградната игра и/или Атлантиц Траде Скопје ДОО Илинден е со цел да се оствари промоција на производите и услугите кои се предмет на оваа активност односно полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра во согласност со овие Правила.

Со учество во наградната игра, учесникот дава согласност неговите лични податоци да можат да се обработуваат и користат за маркетинг цели (директен маркетинг) односно промоција на производите и услугите предмет на оваа наградна игра.

Со учество во наградната игра, учесникот може да даде и согласност да биде фотографиран и снимен, а неговите фотографии и снимен материјал да се обработуваат за целите на наградната игра и истите да се објавуваат на медиуми (пишани, електронски, телевизија и др.), но и за цели на вршење директен маркетинг на производите и услугите на сите поврзани друштва со Приредувачот.

Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна единствено за предмет и цели компатибилни на наградната игра односно со страна чие што учество во наградната игра е неизбежно (на пример, компанија која ги испорачува наградите).

Врз основа на оваа согласност, а доколку не постои друг законски основ, податоците ќе се чуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и другите позитивни прописи во РМ во рок кој е неопходен за исполнување на сите цели и обврски од оваа наградна игра, но не подого од 30 дена по истек на последниот ден за испорака на наградите до добитниците.

Приредувачот се обврзува дека по исполнувањето на целите на наградната игра односно завршување на сите активности предвидени со овие Правила, согласно прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, ќе пристапи кон уништување на личните податоци за кои нема законски или друг основ за натамошна обработка и чување.

Секој учесник има право во секое време да се обрати до Приредувачот на наградната игра и да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг, наведувајќи ги притоа неговите лични податоци неопходни за идентификација на субјектот. Доколку лицето не ги наведе соодветните лични податоци од претходниот став, односно истото не може да се идентификува, неговото барање нема да се спроведе.

Учесниците имаат право во секој момент да побараат нивните лични податоци да бидат избришани или да побараат корекција на неточни податоци, како и да побараат информација од Приредувачот на наградната игра во врска со обработката на нивните лични податоци.

Приредувачот нема да ги употребува личните информации за никаква друга цел, освен за потребите на наградната игра. Исклучок се само податоците на корисниците кои ќе пристапат на Вибер каналот Аргета Македонија, за чиешто користење важат Правилата и условите за користење како што се наведени на веб страницата argeta.com/mk.

Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чие што учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 19

Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските кои произлегуваат од Правилата на наградната игра. Правилата на наградната игра ги пропишува приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената согласност која ја дава Министерството за финансии на РСМ.

Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на веб страницатa (argeta.com/mk-sq/nagradna-igra) пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира преку објави на социјални медиуми, краток телевизиски спот и преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети, постери, воблери, прајс-тагови, шелф-токери, палетни дисплеи). Учесниците зa сите дополнителни информации ќе можат да се јават и на инфо телефонскиот број на приредувачот на наградната игра 02 3216-215 секој работен ден од понеделник до петок во работно време од 10:00-16:00 часот.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ

Член 20

Договорните страни се согласни сите спорови кои ќе произлезат од наградната игра да се решат спогодбено, а во спротивно надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.

Приредувач
БД Група ДООЕЛ Скопје

Управител
Милан Димитриоски

Pasurojeni emailin me
buletinin tonë informativ!

Ju premtojmë se do t'ju dërgojmë vetëm lajmet më të shijshme! #ShpërndaniMirësi

Cilat lajme dëshironi të merrni?

´