Состојки
- бело пченично брашно525 г
- ржано брашно350 г
- матеница350 мл
- топла вода250 мл
- сув квасец10 г
- сол15 г
- мед1 лажица
- ким1 лажичка
- зачини за леб2 лажичка
Постапка
Тесто:
Во сад измешајте ги пченичното и ржаното брашно, сувиот квасец, солта, кимот и зачините за леб.
Додадете ја матеницата, топлата вода и медот.
Мешајте и месете 5-7 минути додека не добиете меко и еластично тесто.
Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да нарасне до двојна големина, што ќе трае околу еден час.
Обликување и печење:
Префрлете го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во форма на векна.
Префрлете го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во форма на векна.
Префрлете го на плех обложен со хартија за печење.
Покријте го тестото и оставете го да нарасне 30 минути.
Загрејте ја рерната на 220°C.
Попрскајте го лебот со просеано ржано брашно и со жилет или остар нож исечете мрежест шаблон на површината
Печете на 220°C 15 минути, потоа намалете ја температурата на 180°C и продолжете да печете уште 50 минути.
По печењето, оставете го лебот да се излади на решетка.
Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉