Состојки
- интегрално брашно од пченица500 g
- сол1 лажичка
- топла вода300-400 ml
- сув квасец1 кесичка или 25 g свеж квасец
- маслиново масло2 лажици
Постапка
Во сад ставете 500 g брашно и 1 лажичка сол и прелијте со 2 лажици маслиново масло.
Доколку користите свеж квасец за правење леб, прво подгответе го квасецот - ставете 25 g во 100 ml топла вода и оставете го да отстои 15 минути.
Сипајте го квасецот во сад, а потоа додајте ги останатите 200-300 ml топла вода.
Ако користите сув квасец, ставете една кесичка во сад, измешајте сè и додајте 300-400 ml топла вода.
Во секој случај, последните 100 ml вода истурете ги полека додека мешате и месите и завршете кога тестото ќе стане еластично и не многу лепливо.
За оваа постапка, најдобро е да користите миксер со додаток за тесто.
Покријте го садот за тесто со влажна крпа и оставете го 45 минути на топло место за тестото да нарасне за приближно една третина.
Извадете го тестото од садот и со прстите израмнете го на набрашнета површина, па расукајте го и префрлете го во модла за леб долг 25 cm.
Лебот го покриваме со влажна крпа и го оставаме да нарасне 45 минути.
Интегралениот леб го печеме 40-50 минути на 200 °C.