Состојки
- бело пченично брашно460 g
- топла вода240 ml
- млеко60 ml
- шеќер25 g
- путер на собна температура60 g
- сол1,5 лажички
- сув квасец7 g
- Ни треба и модла за леб долг 22 cm.
Тесто
Во сад ставете 240 ml топла вода, 60 ml млеко, 25 g шеќер и 7 g сув квасец.
Садот ставете го на топлиот дел од кујната и оставете го 10 минути да надојде квасецот.
3. Во поголем сад измешајте 1,5 лажички сол со 460 g брашно и направете дупка во средината.
Истурете го квасецот и измешајте.
Се препорачува користење на миксер за месење кој ја врши работата побрзо и со помал напор. Покрај тоа, ова тесто е потешко за ракување, бидејќи е полепливо.
Месете го тестото 5 минути, а потоа замесете парчиња омекнат путер во него.
Повторно месете го тестото 5 минути.
Садот со тестото покријте го со капа за туширање или влажна крпа и ставете го на топло место за тестото двојно да нарасне - околу 1 час.
Обликување и печење
Тестото се става на набрашнета површина.
Со прстите притиснете го во правоаголник, долг колку модлата за леб и дебел 2 cm.
Расукајте го во ролат и ставете го во подмачкана модла за леб.
Покријте ја модлата и почекајте 30 минути за тестото да нарасне.
За тоа време, загрејте ја рерната на 180 °C.
Во сад зовриете вода.
Во рерната истовремено се ставаат модлата со тесто и огноотпорниот сад со врела вода.
Така печете 10 минути, а потоа отстранете ја водата и печете уште 15-20 минути.
Во основа, овој тост-леб се пече 25-30 минути.
По печењето тост-лебот се вади од модлата и се лади на решетки.