Кајзерки

Кајзерки
2H

На нашите менија често имаме симпатични кајзерки, бидејќи тие се одлични со грицки и разни сендвичи. И која е добрата страна на кајзерките? Ова, секако, ќе ви стане јасно кога на свежата кајзерка ќе ја намачкате вашата омилена Аргета, месна и рибна паштета број 1 во Европа*.

Состојки

  • бело пченично брашно400 g
  • сув квасец1 кесичка
  • топла вода240 ml
  • мед15 g
  • масло2 лажици
  • сол8 g

Нема да ви треба многу време за да подготвите кајзерки, а кога гордо ќе ги извадите од рерната додека сè уште се топли, тие ќе мирисаат толку примамливо во вашиот дом што никој нема да може да им одолее.

Тесто

  1. Во поголем сад измешајте ги брашното, сувиот квасец и солта.

  2. Направете дупка во средината на смесата, ставете мед во неа и истурете топла вода.

  3. Измешајте сè заедно, а потоа измесете меко и еластично тесто.

  4. Месете околу 7-10 минути со миксер.

  5. Покријте го садот со влажна крпа или со проѕирна капа за туширање.

  6. Тесто го ставаме на топло место за да нарасне и да се удвои - околу 1 час.

Обликување и печење

  1. Од тестото откинете парче од околу 80 g и со прстите обликувајте го во топче - соберете го тестото во една точка и на тој начин затегнете ја површината на топчето.

  1. Од тестото се прават 8 топчиња, се покриваат со проѕирна фолија и се оставаат да нараснат 30 минути.

  2. Загрејте ја рерната на 200 °C.

  3. Во секое топче ја втиснуваме типичната шема на ветерница со модла.

  4. Кајзерките се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат 15-20 минути.

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´