Интегрален леб

Интегрален леб
2H 20M

Интегралниот леб содржи битни влакна, минерали и Б витамини што му се потребни на вашиот организам. Интегралниот леб со Аргета и вашите омилени додатоци е многу вкусна и здрава закуска која ќе го збогати вашето мени и ќе ги воодушеви сите што ќе ги послужите. Ако сте заситени од еден ист леб, одвојте малку повеќе време и забавувајте се во подготовката на интегралениот леб, кој ќе стане вистински специјалитет на вашата кујна.

Состојки

  • интегрално брашно од спелта250 g
  • интегрално брашно од пченица250 g
  • мешани семиња (сончоглед, тиква, лен)180 g
  • маслиново масло100 ml
  • топла вода380 ml
  • шеќер1 лажица
  • сол1 полна лажичка
  • сув квасец10 g

Тесто

  1. Во поголем сад измешајте ги брашното, семките, шеќерот, солта и сувиот квасец.

  2. Додајте маслиново масло и топла вода, а потоа измешајте и замесете ги сите состојки.

  3. За месење, кое треба да трае 7 минути, најдобро е да користите миксер за храна, бидејќи тестото е доста влажно и лепливо.

  4. Покријте го садот со капа за туширање или влажна крпа, а потоа ставете го на топло место 1 час за тестото да нарасне.

Печење

  1. Загрејте ја рерната на 200 °C.

  2. Нараснатото тесто развлечете го на набрашнета површина и израмнете го со дланките.

  3. Направете ролат и ставете го во модла за леб долга 30 cm.

  4. Покријте го и оставете го 30 минути за да нарасне.

  1. Интегралниот леб го печете 30–40 минути на 200 °C.

  2. По печењето, се вади лебот од модлата и се става на решетка за да се излади.

Откријте ги вкусовите
Кокошкина

Откријте ги вкусовите

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?