Јапонски леб

Јапонски леб
3H 10M

Исполнете ја вашата кујна со прекрасни ароми од земјата на изгрејсонцето. Исклучително мек и воздушест, јапонскиот леб едноставно ќе се топи во вашата уста. Дополнително, останува свеж долго време. А зошто е тоа така? Тајната лежи во долгото месење, па обрнете посебно внимание на овој дел при подготовката. Ќе бидете наградени со неверојатно свеж леб кој ќе ги воодушеви вашите вкусови.

Состојки

  • брашно30 г
  • вода80 мл
  • млеко80 мл

Постапка

Тангжонг (основа):

  1. Ставете ги  водата, млекото и брашното во тенџере.

  2. Мешајте со маталка на средна температура додека не добиете густа, сјајна смеса.

  3. Внимавајте да не се запече или изгори.

  4. Префрлете го тангжонгот во друг сад и оставете го да се олади околу еден час.

Тесто:

Јапонскиот леб бара добро месење, па препорачливо е да користите процесор за храна. Рачното месење е напорно бидејќи тестото е лепливо и потешко за работа. Ако немате процесор, намастете ја површината (пожелно силиконска подлога) и рацете, па започнете со долго месење. Колку повеќе се меси, толку помалку лепливо ќе биде.

  1. Ставете ги сите состојки за тестото, освен путерот, во садот од процесорот. Додајте го изладениот тангжонг.

  2. Мешајте околу 2 минути за да се соединат  состојките, потоа додадете  го исечканиот путер на собна температура.

  3. Месете го тестото 5 минути за да се впие путерот.

  4. Зголемете ја брзината на процесорот на максимум и месете уште 5-10 минути додека тестото не стане мазно и не се лепи на страните од садот. Ако се лепи на чисти раце, продолжете со месење.

  1. Обликувајте мазна топка со затегнување на краевите од тестото кон средината.

  2. Оставете го тестото во садот, покриено со влажна крпа, и оставете го да нарасне на топло место еден час.

Обликување:

  1. Подгответе го калапот за печење. Намачкајте го со растопен путер.

  2. Подгответе чиста површина за обликување. Препорачливо е да користите силиконска подлога бидејќи за овој леб не се користи брашно при обликување.

  3. Префрлете го тестото на работната површина, обликувајте го во долгнавеста форма и исечете го на 8 еднакви парчиња.

  4.  . Секое парче обликувајте го во мало топче со мазна и затегната површина, повлекувајќи ги рабовите кон внатре. На страната каде што се собрало тестото, притиснете го за да се залепи убаво.

  5. Наредете ги топчињата на работната површина и покријте ги со проѕирна фолија.

  6. Оставете ги да одморат 15 минути.

  1. Секое топче развлечете го во правоаголник, користејќи оклагија и прстите за израмнување. Завиткајте една од долгите страни кон внатре за една третина, а потоа завиткајте ја другата долга страна кон внатре така што ќе се преклопи преку првата и ќе ја покрие за две третини.

  1. Ротирајте го тестото така што отворените краеви да гледаат кон вас, а потоа завиткајте го како тепих.

  2. Префрлете ги осумте  теста во калапот, редејќи ги едно по друго.

  3. Покријте го калапот и оставете го тестото да нарасне уште 30 минути.

Печење:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.

  2. Премачкајте го тестото со млеко.

  3. Печете го јапонскиот леб 20-25 минути во претходно загреана рерна.

  4. По печењето, покријте го лебот со крпа и оставете го да се олади во калапот.

Совет: Овој исклучително мек леб чувајте го завиткан во сува крпа, во сад за чување леб. Дури и на третиот ден по печењето, ќе биде помек и повлажен од повеќето штотуку купени лебови.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´